Црна хроника
По сообраќајните контроли, издадени 949 платни налози
Според досегашните статистичко-компаративни анализи од континуираните и засилени сообраќајни контроли што се превземаат секојдневно на патиштата низ земјава, и натаму останува заклучокот дека непочитувањето на прописите по однос на паркирањето, потоа пречекорувањето на брзината на движење и секако – возењето без возачка дозвола се прекршоци што најчесто ги прават учесниците во сообраќајот во државава, информираат од МВР.
Во тој поглед анализата на вчера превземените сообраќајни контроли само го потврдува таквиот заклучок, појаснуваат од таму. Така, вчера, од 949 издадени платни налози од страна на полициските службеници на целата територија на земјата, 313 прекршоци се однесуваат на неправилно паркирање, 154 – на пречекорување на брзината на движење, а 96 – на управување без возачка дозвола.
Исто така, забележително е дека зад оваа група на прекршоци и натаму следат по бројност прекршоците што се однесуваат на некористењето на сигурносен појас – 59, како и прекршоците заради говорење на мобилен телефон при возење – 32. Во рамки на вчерашните контроли прекршочно се санкционирани и 17 пешаци, шестмина возачи минале на црвено светло, а осумина возеле под дејство на алкохол, се истакнува во соопштението.
Инаку, согласно одредбите на Законот за возила, вчера биле евидентирани и 27 случаи на нерегистрирани возила што учествувале во сообраќајот, додека пак кај 34 возила била констатирана техничка неисправност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

