Македонија
Тошковски во посета на Секторот за прекршоци, кој ќе биде дел од системот „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделот за прекршоци на МВР кој ги процесира и реализира сите прекршочни пријави кои се во надлежност на министерството.
Целта на посетата беше да се запознае со тековната работа на одделот и конкретните предизвици и проблемите со кои се справуваат во одделот со цел унапредување на процесите и нивната ефикасност.
„Подобрување на ефикасноста на сите процеси во Министерството е еден од нашите главни приоритети со цел да понудиме на граѓаните институција која се грижи за нивната безбедност и испорачува брзи и ефикасни услуги во сите сегменти на работењето. Во следниот период планираме преку квалитетна реорганизација на Одделот за прекршоци да го унапредиме неговиот капацитет за да одговори и на потребите на проектот „Безбеден град“. Овој проект ќе биде нова ера, нова страница во унапредувањето на безбедноста на сообраќајот, а Одделот за прекршоци ќе биде составен дел на целокупниот систем“, истакна Тошковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

