Македонија
Платформата на „СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
Платформата за општествена одговорност на „СКОПСКО“, „Наша гордост. Наша одговорност. “ докажа дека заедничката акција носи вистински промени. Во изминатите две години, во кои во фокус беше Охридско Езеро, преку многубројни еколошки иницијативи – од чистење на природното богатство до поттик за селектирање – граѓаните се мобилизираа за позелена иднина.

„СКОПСКО“ во 2024 година организираше две големи акции за чистење на Охридско Езеро. Во јуни, 170 волонтери и нуркачи собраа 120 кубни метри отпад од брегот и дното на езерото. Во октомври, со поддршка од нуркачкиот клуб „Амфора“, беа отстранети 3.800 метри напуштени рибарски мрежи, кои го загрозуваа езерскиот екосистем. Со чистење на овие т.н, мрежи духови се обновуваат местата каде што порано се мрестеле пастрмките што придонесува кон враќањето на ендемските видови во нивната природна средина.

Оваа платформа, меѓу другото, има цел да ги едуцира и да ги поттикне граѓаните да селектираат и самите да направат промена со која ќе ги заштитат нашите природни убавини. Преку апликацијата „Екомак “, „СКОПСКО“ воведе промотивна акција “Поен за тебе, поен за природата!“, која им овозможува на граѓаните да селектираат амбалажа и да собираат „зелени поени“. За таа цел Пивара Скопје преку „СКОПСКО“ донираше две нови вендинг машини во Охрид и Струга. За два месеца беа собрани 120.000 парчиња амбалажа, а иницијативата продолжи низ целата држава.

Оваа година „СКОПСКО“ продолжува со активности во рамки на платформата. Од март ќе почне кампањата преку која, од секое продадено шише „скопско“ или „скопско смут“ со специјална етикета, ќе се собираат средства за активности посветени за заштита на нашите природни богатства.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

