Контакт

Македонија

Сестрата на премиерот се вработи на Универзитетот во Штип: Мојсоска од Левицата за вработување во Владата на сопствените роднини

Објавено пред

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска вели дека Владата наместо за граѓаните, носи работни места само за блиските роднини на функционерите:

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека оваа Влада и тоа како треба да се пофали за своите проекти за намалување на невработеноста. Некои политички “лешинари” (што би рекол премиерот) ќе речат дека е непотизам, а никој не зема во предвид дека и фамилиите на властодршците мора некаде да работат.

Еве, само некои мерки за намалување на невработеноста во овие 7-8 месеци на новата власт:

– Сестрата на премиерот се вработи на Универзитетот во Штип;
– Баџанакот на министерот Тошковски стана доцент на Факултот за безбедност и дисквалификува студент на генерација;
– Сестрата на министерот Љутков се вработи во Музејот во Велес;
– Таткото на министерот Андоновски стана советник на Мицкоски;
– Братот на министерот Андоновски стана началник во АНБ;
– Братучедот на Меџити стана директор во МЕПСО;
– Братот на пратеникот Игор Здравковски стана член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување;
– Синот на директорот Александар Пандов стана советник на Мицкоски;
– Таткото на министерот Муцунски е советник на министерот Муцунски (додуша тој беше и советник на Бујар Османи).

И кога властодршците ви велат дека нема да се мешаат во дефинирањето на минималната плата, тоа доаѓа затоа што ниту тие (ниту нивните фамилии) никогаш не ги почувствувале “благодетите” од работа во приватен сектор…” – напиша пратеничката од редовите на Левица на својот фејсбук профил.

Македонија

Државниот секретар Петрушевски на средба со амбасадорот на Црна Гора Миљаниќ

Објавено пред

Вчера државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски оствари работна средба со амбасадорoт на Црна Гора во Р.С.Македонија Н.Е. Зоран Миљаниќ.

dobivaj vesti na viber

На средбата заеднички беа потврдени одличните односи помеѓу двете земји и високото ниво на политички дијалог и соработка, како и посветеноста за натамошно продлабочување на истата, извести МВР.

Државниот секретар во МВР Петрушевски се заблагодари за постојаната поддршка од страна на Црна Гора, потенцирајќи ја важноста за продолжување на билатералната и регионалната соработка кои се од особено значење за двете држави.

Во фокусот на состанокот беа актуелните политички состојби во двете земји, можностите за продлабочување на соработката преку учество во регионалните и меѓународните иницијативи, со цел зајакнување на истата во контекст на справување со безбедносните предизвици и борбата против секаков вид на криминал, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Дали криминалот во Глобал тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во слободното време, кога не ги распродаваше националните и државни интереси, Заев тераше разработени криминални и рекет шеми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Потрагично од криминалот на Заев е што неговиот наследник во СДС, Венко Филипче се воодушевува од него, вели дека нема друг како него и смета дека народот треба да учи од него и од неговото работење.

Една од криминалните афери на претходникот на Филипче, Зоран Заев, беше криминалната аферата Глобал, тешка осум милиони евра.

Заев требаше да заврши зад решетки затоа што жив беше фатен во криминал од 8 милиони евра, но од затвор се спаси затоа што беше амнестиран од Бранко Црвенковски.

Кога Филипче се воодушевува од Заев и вели дека народот треба да учи од него, дали мисли и на ова, како да се направи криминал тежок осум милиони евра и за тоа да не се одговара?

Венко Филипче треба да каже дали се воодушевува на криминалот на Заев, кој му донесе милиони евра, а благодарение на СДС остана неказнет.

Дали Филипче е воодушевен и од тоа и дали и на тоа мислеше кога го фалеше Заев? Или, пак, тој криминал и неказнивост можеби ќе го осуди?

Но, како вика народот, во секое зло, добро. Па така, во се ова, добро е што Венко Филипче призна и кажа се. Сега народот нема простор за двоумење и знае што Венко Филипче сака. Тој сака да ги следи криминалните стапки на Зоран Заев, кој е и негов водич и учител.

Со ова признание, Филипче уште еднаш се покажа СДС беше и останува симбол на криминал, корупција и предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

Објавено пред

„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да ја стабилизира ситуацијата, туку ја влоши со низа неефикасни и задоцнети мерки. Наместо системско решение за спречување на ценовните шокови, добивме маркетиншки трикови и привремени потези кои немаат реален ефект“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Најдобар пример за тоа е таканаречената „новогодишна кошничка“, која се претстави како мерка за намалување на трошоците, но заврши како обична медиумска манипулација. Во реалноста, потрошувачката кошничка секој месец расте. Во април порасна за 836 денари – алармантен податок што покажува колку се неефикасни владините интервенции. Цените на основните прехранбени производи остануваат високи, а платите – особено во јавниот сектор – со месеци не мrdнаа од место.

Граѓаните денес живеат полошо од било кога во последната деценија. Северна Македонија има најниски плати во регионот, а истовремено плаќа едни од највисоките цени. Владата нема стратегија, нема визија, нема план. Наместо суштински политики, се сведоци сме на декларативни изјави и обвинувања кон опозицијата.

СДСМ уште пред месеци предложи пакет од седум закони кои директно ќе влијаеја на стабилизација на пазарот и на раст на платите. Да беа прифатени, денес ќе зборувавме за реални подобрувања во животниот стандард. Ќе се зголемеа платите, ќе се стабилизираа цените, а семејствата ќе имаа повеќе пари на крајот од месецот. Но владејачката партија ги игнорираше сите предлози, избирајќи да продолжи со популизам и политичко калкулирање наместо со конкретна акција.

Ако не се преземе ништо суштинско, животниот стандард ќе продолжи да паѓа. Граѓаните заслужуваат стабилност, достоинствени примања и достапни основни производи – нешто што оваа влада очигледно не е способна да го обезбеди“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија10 минути

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа...

Македонија12 минути

„Дали криминалот во Глобал тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во...

Македонија14 минути

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да...

Македонија17 минути

ВЛЕН: По 22 години измама, носиме канализација во Зајаз на Али Ахмети

„Кичево, градот кој беше заборавен од минатите влади повеќе од две децении, денес се враќа на мапата на сериозни инвестиции...

Европа2 часа

Хеликоптери летаат низ Шведска, полицијата оди од врата до врата: убиецот е сè уште во бегство

Три лица се убиени во пукотница што се случи вчера во фризерски салон во центарот на Упсала, потврди шведската полиција....

Свет2 часа

(Видео) Кина објави драматична снимка, со порака до САД: „Нема да потклекнеме“

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Златното доба на Америка доаѓа; УПС: Ќе поделиме 20.000 откази поради царините

Американскиот логистички гигант УПС вчера објави отпуштање на околу 20.000 работници и затворање на повеќе од 70 објекти низ САД,...

Европа12 часа

Човек на Трамп: Предлогот на Путин е апсурден

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир...

Македонија13 часа

Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како...

Македонија14 часа

(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. „Ова е...

Македонија14 часа

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Потребна е...

Македонија16 часа

(Видео) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

„Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња...

Македонија17 часа

(Видео) Меџити: И покрај нашите понуди тие одлучија да бидат заедно со ДУИ и со Ахмети, Таравари има пофалби за владеењето на ДУИ, а избега од тоа владеење

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција извести дека вечерва...

Македонија17 часа

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски дека не му веруваат и прашаа зошто обвинетите кои се во домашен притвор шетаат по улици

Родителите на загинатите во Кочани успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откога јавно му порачаа...

Македонија19 часа

Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот...

Македонија20 часа

Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“

Во Собранието почна расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица....

Македонија20 часа

(Видео) Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал, ќе ја затворел

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година, денес е на...

Македонија21 час

„Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

„Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“,...

Економија22 часа

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може...

Македонија22 часа

Македонија е тажна приказна, а Црна Гора е најблислку до членство во ЕУ, рече Марта Кос

Црна Гора останува најверојатната кандидатка од регионот на Западен Балкан, кој може да стане нова членка на Европската Унија за...