Спорт
Мурињо: Секоја чест за Пеп и Ферги, но еден е неспоредлив

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо гостуваше во подкастот на својот поранешен играч Џон Оби Микел.
Поранешниот репрезентативец на Нигерија го праша кој тренер е најдобра во историјата на Премиер лигата, Алекс Фергусон или Пеп Гвардиола.
„Ферги или Пеп? Не можете да споредувате. Има различни генерации, различни тренерски потенцијали. Две историски личности во Премиер лигата. Сепак, за мене најголем тренер е Клаудио Раниери“, изјави Мурињо, а потоа даде објаснување.
„Човекот ја освои титулата со Лестер. Тоа е најголемиот подвиг во историјата на Премиер лигата. Пет-шест трофеи со Јунајтед, шест или седум со Сити е одлично, но Раниери и неговата работа со Лестер не се споредуваат со ништо. Тоа е најголемата победа“, заклучи Мурињо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар победи во Струга

Фото/ facebookFKVardarSkopje
Вардар победи во Струга во првиот натпревар од 20.коло во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ славеа над актуелниот шампион Струга ТЛ со 2:0.
Вардар, со победата во Струга, избега од опасната зона, по некомплетното 20.коло, најтрофејниот македонски клуб се наоѓа на деветтото место со 16 поени. Струга и по оваа рунда ќе остане на петтата позиција.
Црвено-црните натпреварот во Струга го решија со два гола во втората половина од вториот дел. Закариќ во 68.минута го постигна првиот, а Мато во 82.минута го постави конечниот резултат.
Табела:
Спорт
(Видео) ВАР го спаси Јунајтед од пораз кај Евертон

Евертон и Манчестер јунајтед одиграа нерешено 2:2 во 26. коло од Премиер лигата.
Гостите и на овој натпревар беа на работ од бездната, скршени, безидејни, без енергија и без шут кон голот 70.минути.
Еветон белскаше во првиот дел со два гола, преку Бето во 19. и Докуре во 33.минута.
На Евертон му требаше уште еден гол за да ја турне во бездната екипата на Рубен Аморим, но овојпат Манчестер успеа да се извлече.
Дваесет минути убав фудбал, дваесет минути енергија, желба и труд им беа доволни на гостите да го израмнат резултатот. Изедначи Фернандеш во 72.минута од слободен удар, а од пораз Јунајтед го спаси Угарте во 80.минута.
Среќата на „црвените ѓаволи“ им беше наклонета во 93.минута, кога судијата Енди Медли ја смени својата одлука и и го поништи пеналот што го дисуди за Евертон.
Спорт
Лојд поднел барање за полско државјанство

Џордан Лојд, поранешен играч на Торонто Репторс, Црвена звезда, Макаби, сега член на Монако, во Париз поднел барање за добивање на полско државјанство, јавуваат полските медиуми.
Американецот наскоро би можел да заигра за оваа европска земја на инсистирање на селекторот Игор Миличиќ. Се очекува Лојд да го замени 38-годишниот Еј Џеј Слејтер.
Покрај асот на Монако, Полјаците сакаат да натурализираат уште еден Американец Џерик Хардинг кој моментално е член на Андора.
„Сакаме да имаме двајца натурализирани играчи поради повреди и други непредвидени околности. Треба да бидеме јаки во сите линии, бидејќи следниот Евробаскет е многу важен за Полска“, изјави Игор Миличиќ.
Како што истакна Миличиќ, двајцата играчи изразиле желба да играат за Полска не само на континенталниот шампионат, туку и во годините што следат.