Вести
Силите на либиски генерал освоија нафтени пристаништа на истокот
Силите лојални на либискиот генерал Калиф Хафтара тврдат дека ја преземале контролата над нафтените пристаништа Рас Лануф и Ес Сидер, пренесе портпаролот на источниот либиски град Брега.
Столб на владините сили во Либија е групацијата на поранешниот генерал на либиската армија Калиф Хафтара, кој своевремено побегна во САД, а на 16-ти мај 2014 година откако му пристапи голем дел од офицерскиот кадар од сите родови на војската започна голема воена кампања против исламистичките милиции која ја наслови како „Достоинство на Либија“.
Силите на Хафтара во неделата започнале напади врз пристаништата Рас Лануф и Ес Сидер, како и во Зуејтин, како и блискиот град Аџдабија, а борбите продолжуваат во текот на денот.
Двете заземени пристаништа се затворени од крајот на 2014 година, меѓутоа за нив се надлежни безбедносните служби PFG кои неодамна со владата во Триполи, која ја поддржува меѓународната заедница, договорија нивно повторно отворање и обид да се продолжи извозот на нафта.
Калиф Хафтара е либиски генерал кој беше на високи позиции во бунтовничкиите сили кои во 2011 година го соборија тогашниот либиски водач Моамер ел-Гадафи,а британскиот весник The Economist во 2016 година го прогласи за „најмоќниот либиски воен водач“.
Хафтара е командант на Либиската национална војска (LNA) којашто се бори против ширењето на власта на Владата на националното единство (GNA) на истокот од државата. GNA во март влезе во Триполи.
Рас Лануф и Ес Сидер претходно годинава беа тешко оштетени во нападите на џихадистите од Исламската држава чие седиште беше во Сирт, каде што во моментов се на работ на пораз од силите на либиската влада GNA помогнати од американските воздушни напади./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.