Спорт
Фенер му нуди на Џеко нов договор и функција во клубот

Вечерва во Турција на програмата е големото градско дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче, кое може го реши шампионатот. Галатасарај има шест бода повеќе од големиот ривал и со евентуална победа ќе направи голем чекор кон одбрана на шампионската титула.
Во пресрет на дербито, турските медиуми, пишуваат за судбината на Един Џеко (38) во Фенербахче.
Ветеранот, оваа сезона одигра 37 натпревари за Фенербахче, постигна 19 гола и имаше седум асистенции во сите натпреварувања. Капитенот на турскиот гигант има договор до крајот на оваа сезона, но Турците пишуваат дека претседателот Али Коч ќе му понуди договор 1+1. Понатаму се додава дека Коч е подготвен на Џеко да му понуди и функција во клубот кога тој ќеја заврши кариерата.
Во блескавата кариера како еден од најдобрите напаѓачи на 21 век, Џеко играше за Железничар, Теплице, Волфсбург, Манчестер сити, Рома и Интер. Во Турција е од 2023 година.
„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 2,2 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јувентус падна во Парма

Фудбалерите на Јувентус загубија како гости од Парма со 1:0 (1:0) во 33. коло од италијанската Серија А.
До самиот крај на првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, а потоа домашните успеаја да ја затресат мрежата во судиското надополнување. Стрелец беше Матео Пелегрино.
Избраниците на Игор Тудор вршеа притисок, особено на крајот од дуелот, кога можеби Јуве беше оштетен за пенал, по играње со рака на играч на Парма.
Во 91. минута Консеисао шутираше од работ на шеснаесетникот, но ударот заврши крај стативата и тоа е можеби најдобрата шанса за Јувентус.
Во продолжение Парма одолеа на сите обиди, одлично се бранеше и на крајот триумфално го заврши натпреварот.
Спорт
Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги продолжи договорите со двајцата ветерани Лука Модриќ и Лукас Васкез.
Но, не како што обично се случува една година или повеќе, туку само еден месец.
Договорите на Модриќ и Васкез истекуваа на 30 јуни, а новите завршуваат на 30 јули, објави мадридски „Ас“.
Причината за овој необичен потег лежи во учеството на Реал на Светското клупско првенство од 14. јуни до 13. јули.
Овој искусен тандем е важен за избраниците на Карло Анчелоти и на овој начин ќе можат да играат во новото натпреварување на ФИФА.
По клупскиот Мундијал, судбината на ветераните е неизвесна. Се шпекулира дека Реал нема да им понуди нови договори.
Спорт
Вардар и Струга ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар и Струга ТЛ изборија пласман во финалето на националниот Куп. Вардар одигра 1.1 во реваншот против АП Брера, во финалето се пласира со вкупен резултат 4:1, нерешено 1:1 заврши и реваншот меѓу Струга ТЛ и Шкендија, струѓани се пласираа во финалето со вкупен резултат 3:2.
Вардар по пауза од 18 години ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија, додека Струга ТЛ по 2023 година повторно доби шанса да се бори за трофејот.
Брера во Струмица го отвори резултатото во 34.минута со голот на Јанкуловски, а конечните 1.1 ги постави Талевски во 58.минута.
Струга по триумфот во Тетово, во првиот меч 2.1, во реваншот на домашен терен прашањето на победникот во овој двомеч практично го реши во 19.минута кога Укпа погоди за 1:0. Шкендија изедначи во 92. со автоголот на Радиќ.