Свет
Зеленски повикува на вистински и траен мир во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика денеска во Киев да се воспостави вистински и траен мир оваа година за време на состанокот организиран во Киев по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.
„Оваа година треба да биде година на почеток на вистински и траен мир“, рече Зеленски претседавајќи со состанокот во Киев со десетина западни лидери, кои дојдоа да ја изразат својата поддршка за Украина.
Додека се одржува состанокот, во Украина е издадено предупредување за воздушен напад.
„Ракетна закана на целата територија на Украина“, соопшти украинското воздухопловство додавајќи дека полетал руски авион „миг-31“, кој носел ракети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тајландската армија на Фејсбук: Ова е местото кое беше погодено од камбоџанските ракети

Тајландската армија објави фотографии на Фејсбук од местото кое наводно било погодено од ракета од камбоџанските сили.
Во објавата, армијата соопшти дека три лица се повредени откако камбоџански ракети го погодија округот Кап Чоенг во покраината Сурин – област близу до границата меѓу двете земји.
Фото: принтскрин
Свет
Камбоџа: Чинот на Тајланд е брутална и незаконска воена агресија

Министерството на националната одбрана на Камбоџа издаде соопштение во кое го обвинува Тајланд за распоредување преголем број војници, користење тешко оружје и изведување воздушни напади во обид насилно да се заземе територија на Камбоџа, јавува Би-би-си.
Министерството го опиша чинот на Тајланд како „брутална и незаконска воена агресија“ и „очигледно кршење на Повелбата на Обединетите нации, нормите на АСЕАН и основните принципи на меѓународното право“, според извештајот на медиумите Khmer Times.
Исто така тврдат дека тајландските борбени авиони фрлиле две бомби на територијата под контрола на Камбоџа.
„Овие нелегални и неодговорни дејствија не само што претставуваат сериозна закана за регионалниот мир и стабилност, туку и ги поткопуваат темелите на меѓународниот поредок“, изјави портпаролката на министерството Мали Сочеата. Министерството дополнително предупреди дека војската е целосно подготвена да го брани суверенитетот на Камбоџа „по секоја цена“.
Тајланд ги затвора сите гранични премини кон Камбоџа
Тајланд ги затвора сите гранични премини кон Камбоџа, објави воен функционер.
Борбите се водат во шест области долж спорната граница, според воениот функционер Сурасан Конгсири. Тројца цивили се тешко ранети, вклучувајќи и петгодишно момче, додаде тој.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Вооружен конфликт меѓу војската на Тајланд и Камбоџа, загина најмалку еден цивил

Вооружени судири избувнаа меѓу Тајланд и Камбоџа рано утрово, објавија армиите на двете земји, тврдејќи дека првите истрели биле испукани од другата страна.
Тајландската војска во соопштението наведува дека вооружените сили од соседна Камбоџа отвориле оган врз спорната погранична област во близина на храмот Та Моан Том, на околу 360 километри од главниот град Бангкок. Пред да бидат испратени војници со тешко оружје, над областа прелетал дрон за надзор, се додава во соопштението.
🇰🇭 #Cambodia – 🇹🇭 #Thailand: Footage showing Cambodian soldiers exchanging fire with Thai troops at border positions. pic.twitter.com/0hazj1g1vb
— POPULAR FRONT (@PopularFront_) July 24, 2025
Соседната земја е обвинета за неодамна поставување мини во пограничната област, додека Камбоџа одговара дека станува збор за неосновани обвинувања.
„Мора да бидеме внимателни“
Според објава на Фејсбук од влијателниот поранешен камбоџански премиер Хун Сен, тајландската војска гранатирала две од нивните провинции.
Тајландскиот премиер Фумтам Вечајачаи рече дека ситуацијата е многу деликатна. „Мора да бидеме внимателни. Ќе го почитуваме меѓународното право.“
Тајланд и Камбоџа го оспоруваат суверенитетот над неколку точки по должината на нивната копнена граница од 817 километри повеќе од еден век, што доведе до седумдневен вооружен конфликт во 2011 година. Гувернерот на тајландската провинција Сурин, Чамнан Чуента, ги повика жителите во објава на Фејсбук да се засолнат и да се подготват за евакуација.
🇹🇭 #Thailand – 🇰🇭 #Cambodia: Clashes erupted between Thai and Cambodian soldiers as both sides are shelling each other's positions. pic.twitter.com/c8NJA1sxjY
— POPULAR FRONT (@PopularFront_) July 24, 2025
Тајландски власти: Најмалку еден цивил убиен во покраината Сурин
Најмалку еден цивил е убиен во тајландската покраина Сурин, соопштија властите, според Би-би-си.
Портпаролот на владата Џирају Хунгсу, кој ги потврди смртните случаи, исто така рече дека седум војници се ранети. Тој додаде дека бројот на повредени цивили не е познат, но дека меѓу нив е и петгодишно дете кое е „сериозно повредено“.
Од друга страна, портпаролот на Министерството за одбрана на Камбоџа одговори дека тајландските сили извршиле упад, на што нивните сили одговориле во самоодбрана.
Фото: принтскрин