Свет
(Видео) Трамп до министрите: Дали некој е незадоволен од Илон? Ако е, ќе го исфрлиме
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го одржа својот прв состанок на владата во вториот мандат. На состанокот, меѓу другите, присуствуваше и милијардерот и шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE), Илон Маск, кој ги претстави плановите за намалување на федералниот дефицит.
За време на состанокот, Трамп ја истакна важноста од почитување на неговите упатства и на смеата во заднината рече дека ќе ги исфрли оние што не се задоволни со Маск.
On day 39 of his presidency, Trump held his first cabinet meeting, sharing the spotlight Elon Musk, and threatened to throw anyone out who objected to his presence.
US correspondents @Stone_SkyNews and @jamesmatthewsky discuss the stand-out moments ⬇️
— Sky News (@SkyNews) February 27, 2025
Имено, Маск требаше да одговори на новинарско прашање кога Трамп го прекина и праша дали некој е незадоволен од него. „Еј, Илон, нека разговараат министрите малку. Има ли некој незадоволен од Илон? Ако има, ќе го исфрлиме одовде“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

