Свет
Објавени документите за Епстејн; Обвинителката: Има илјадници, ФБИ не ги испрати
Јавниот обвинител Пем Бонди објави документи за Џефри Епстејн. Како што претходно беше најавено, во документите нема нови информации или докази. Станува збор за списоци на летови и адресар со телефонски броеви, кои претходно беа јавно објавени. Поголемиот дел од податоците е затемнет.
Во продолжение соопштението од американското Министерство за правда:
Денес, јавниот обвинител Памела Бонди, во соработка со Федералното биро за истраги (ФБИ), декласифицира и јавно објави документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстејн и неговата сексуална експлоатација на повеќе од 250 малолетни девојчиња во неговите домови во Њујорк и на Флорида, како и на други локации.
Првата фаза од декласифицираните документи главно содржи податоци што претходно беа обелоденети, но никогаш официјално не беа објавени од владата на Соединетите Американски Држави.
„Ова Министерство за правда го спроведува ветувањето на претседателот Трамп за транспарентност и го крева превезот на грозоморните постапки на Џефри Епстејн и неговите соговорници“, рече државниот обвинител Памела Бонди. „Првата фаза од документите објавени денеска ја осветлува широката мрежа на Епстејн и почнува да ѝ дава на јавноста долгоочекуваната одговорност“.
„ФБИ влегува во нова ера – ера што ќе биде дефинирана со интегритет, одговорност и непоколеблива потрага по правда“, рече директорот на ФБИ, Каш Пател. „Нема да има прикривања документи, нема да има недостиг на документи и ниеден камен нема да остане непревртен, а секој од поранешната или сегашната функција што ќе ја поткопува истрагата бргу ќе биде кривично гонет. Ако има празнини, ќе ги најдеме. Ако записите се скриени, ќе ги откриеме. И што и да најдеме, ќе му обезбедиме на Министерството за правда за да може целосно да се оцени и транспарентно да му се соопшти на американскиот народ како што треба. Заклетвата што ја даваме се однесува на Уставот и под мое водство тоа ветување ќе се одржи без компромиси“.
Државниот обвинител Бонди побара потполни и целосни документи поврзани со Џефри Епстејн. Како одговор Одделот доби приближно 200 страници документи, но јавниот обвинител подоцна беше информиран за илјадници страници поврзани со истрагата и обвинението против Епштајн, кои претходно не беа откриени.
Државниот обвинител побара ФБИ да ги достави преостанатите документи до Одделот до 8 часот на 28 февруари и го задолжи директорот на ФБИ, Каш Пател, да истражи зошто барањето за сите документи не е исполнето. Одделот останува посветен на транспарентноста и има намера да ги објави преостанатите документи по прегледот и анонимизацијата за да ги заштити идентитетите на жртвите на Епстејн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето на Мадуро, не се знае дали е реална
На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американски специјалци.
Засега нема официјална потврда за автентичноста на фотографијата, ниту кој е изворот.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“.
– Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и изнесен од земјата“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.
Според американските медиуми, апсењето на Мадуро го ивршиле припадници на специјалната единица „Делта форс“.
Свет
Срби, Италијанци, Швајцарци… загинаа во пожарот во Кран Монтана
Швајцарската полиција го објави идентитетот на првите жртви на катастрофалниот пожар што се случи на новогодишната прослава во бар во зимскиот центар Кран Монтана, во кој загинаа најмалку 40 луѓе, а 119 се повредени. Телата на две Швајцарки на возраст од 21 и 16 години и на двајца Швајцарци од 18 и 16 години им се предадени на нивните семејства, кажа полицијата.
Досега е потврден идентитетот на 113 од повредените и меѓу нив се 71 Швајцарец, 14 Французи, 11 Италијанци, четворица Срби и по еден државјанин на БиХ, Белгија, Луксембург, Португалија и Полска. Се верува дека една од најголемите трагедии во историјата на Швајцарија била предизвикана од прскалките поставени на шишиња шампањ кога премногу биле приближени до плафонот на преполниот бар. Јавната обвинителка на регионот Вале, Беатрис Пилу, изјави дека истрагата ќе се фокусира на материјалите што се користеле на локацијата, мерките за противпожарна безбедност во барот, неговиот капацитет и бројот на луѓе внатре во моментот на пожарот.
„Истрагата ќе утврди дали ќе бидат потребни обвиненија. Доколку е тоа случај и ако тие луѓе се живи, ќе биде отворена постапка против нив“, рече Пилу.
Еден од сопствениците на барот изјавил за локалните медиуми дека објектот бил прегледан од инспектори трипати во последните десет години и дека сè било според прописите.
Свет
Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга
Властите во Каракас денеска соопштија дека не знаат каде се наоѓаат претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес.
Венецуелската потпретседателка Делси Родригез, зборувајќи на државната телевизија, кажа дека не знае каде е Мадуро. Таа рече дека владата бара „итен доказ дека се живи“ и за Мадуро и за неговата сопруга.
Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД извршиле голем воен напад врз Венецуела и ги заробиле претседателот Мадуро и неговата сопруга.
Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social изјави дека Мадуро и Флорес биле заробени и изнесени од земјата во операција спроведена со учество на американските агенции за спроведување на законот.

