Македонија
„ДУИ прави терен за бојкот на локалните избори“, велат од „Влен“
„За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат сценарио кое треба да кулминира со бојкот на локалните избори“, велат од ВЛЕН.
„Дел од ова провидно сценарио се нивните неосновани напади за наводната деалбанизација, кое треба да креираат лажна атмосфера дека Албанците не се доволно застапени во државните институции благодарение на коалицијата на ВРЕДИ со ВМРО-ДПМНЕ.
Барањето за предремени парламентарни заедно со локалните избори Али Ахмети го пласира не за да навистина се одржат, туку тоа да му биде аргумент зошто сака да ги бојкотира локалните избори.
ДУИ знае дека на локалните избори ќе доживеат драматичен пораз. Нивните истражувања им го потврдуваат овој факт. Али Ахмети знае дека после пораз на локалните избори неминовно ќе се отвори прашањето за неговото лидерство. Не сакајќи да заврши како политички губитник тој како коцкар посегнува по последната карта – бојкот на локалните избори. Откако не му беше прифатена понудата да влезе во Влада наместо ВРЕДИ со четири министри, без претседател на Собрание заедно со ветување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие Кичево или Струга, ДУИ сака да предизвика политичка криза.
Вакво предавство на Албанскиот народ не поминува. Казната за ова неодговорно однесување на корумпираното и заробено раководство на ДУИ ќе биде жестока“, соопшти ВЛЕН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

