Контакт

Свет

Индискиот премиер и ЕУ се согласија да се заложат за договор за слободна трговија

Објавено пред

Индискиот премиер Нарендра Моди и Европската Унија се согласија да се заложат за договор за слободна трговија оваа година, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

dobivaj vesti na viber

Во време на зголемени геополитички тензии Брисел и Њу Делхи планираат да ги одредат клучните области за поблиска соработка како дел од стратешкото партнерство.

„И двете страни сакаме да диверзифицираме некои од нашите најважни синџири на вредности“, рече Фон дер Лајен, која во четвртокот ја почна дводневната посета на Индија.

ЕУ е најголемиот трговски партнер на Индија, со двонасочна трговија, која порасна речиси 90 отсто во текот на деценијата до 137,5 милијарди американски долари во фискалната 2023/2024 година.

„И двете страни ќе изгубиме од светот на сфери на влијание и изолационизам, и двете ќе добиеме од светот на соработка и заедничка работа“, рече таа пред разговорите со Моди.

ЕУ сака Индија да ги намали тарифите за увезени автомобили, виски и вино, а Индија бара поголем пристап до своите поевтини лекови и хемикалии на пазарот на ЕУ.

Индија исто така сака пониски царини за извозот на текстил, облека и кожа. Исто така, се спротивставува на предлогот на ЕУ за воведување тарифи од 20 до 35 отсто за стоки со висока содржина на јаглерод, вклучувајќи челик, алуминиум и цемент, од јануари 2026 година.

„Нема да биде лесно да се завршат разговорите за слободна трговија, освен ако Индија не се согласи драстично да ги намали тарифите за автомобили и други производи што би можеле да ја погодат домашната индустрија“, рече Ајај Шривастава во Делхи.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја нарече Индија една од земјите што воведуваат највисоки царини, се закани со реципрочни царини до април, иако Индија се надева дека ќе постигне договор со Вашингтон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Зеленски му покажa на Трамп слики од украински војници заробени од Русија

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата во Белата куќа, седнаа со новинарите во Овалната соба.

dobivaj vesti na viber

Во еден момент, Зеленски му покажа на Трамп слики од украински воени затвореници кои ги држеше Русија.

На една од сликите, може да се види името Володимир Шевченко.

Според една веб-страница, Шевченко наводно поминал повеќе од две години во руски затвор како воен заробеник.

„Тој беше задржан во ќелија со уште 15 луѓе“, се вели на веб-страницата akmu. „Ги тепаа секој ден“, се додава.

Трамп, исто така, им рече на новинарите дека денеска на прес-конференција по средбата со Зеленски, што се очекува по 19 часот, ќе биде потпишан договор за минерали.

„Имаме нешто што е многу фер договор“, рече тој, додавајќи: „Тоа е голема посветеност од САД“.

Зеленски вели дека се надева дека „овој документ ќе биде чекор напред за Украина“. Украинскиот претседател, исто така, им кажа на новинарите дека сака да разговара со Трамп за „што се подготвени да направат САД“.

Прикажи повеќе...

Свет

Мајкрософт најавува крај на Skype во мај 2025 година

Објавено пред

Мајкрософт конечно одлучи целосно да го исклучи „Skype“.

dobivaj vesti na viber

Оваа апликација повеќе нема да биде достапна од мај, а Мајкрософт советуваше корисниците да се префрлат на „Teams“.

Почнувајќи од мај, Skype веќе нема да биде достапен. Продолжете со вашите повици и разговори користејќи го Teams, им порача Skype на корисниците во најновата верзија на ажурирањето.

Skype беше лансиран во 2003 година и купен од Мајкрософт осум години подоцна, само за да се обиде да го интегрира во Windows 10 во 2015 година.

Овој деветмесечен експеримент не помина баш најдобро, најмногу благодарение на развојот на други апликации за повици и пораки и нивниот „бум“.

Мајкрософт Тимс пристигна во 2017 година како услуга за деловна комуникација базирана на Skype технологија, а од 2021 година, кога се појави Windows 11 и имаше Teams наместо Skype, се очекуваше оваа апликација да биде исклучена.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Украина ќе мора да направи одредени компромиси, но тие нема да бидат толку големи колку што мислат луѓето

Објавено пред

По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп ги пофали „неверојатно храбрите“ украински војници и им оддаде почит за нивната тригодишна борба против руската агресија.

dobivaj vesti na viber

Трамп, исто така, рече дека суштината на новиот договор е дека Украина „ќе остане во борбата“.

Американскиот претседател истакна дека Украина ќе мора да направи одредени компромиси бидејќи договорите не се прават без компромиси, но увери дека тие нема да бидат толку големи колку што мислат луѓето.

Доналд Трамп и Володимир Зеленски почнуаа да даваат изјави во Овалната соба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Мир преку разговор во Украина, решение „две држави“ за Израел и Палестина – Мицкоски и Ердоган разговарале и за глобалните предизвици

За Северна Македонија и Турција клучно е  конфликтот во Украина да се реши по пат на разговори. За ситуацијата во...

Македонија2 часа

Мицкоски и Ердоган во Турција договорија основање на Совет за соработка на високо ниво

Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање...

Топ2 часа

Родител пријавил наставничка дека натепала повеќе ученички во соблекувална во скопско училиште

Родител пријавил во МВР напад извршен од страна наставничка во скопско основно училиште. Според пријавата, таа во текот на вчерашниот...

Економија4 часа

Од 1 март поскапува парното

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од 1 март цената за потрошувачите на топлинска енергија за „ЕСМ енергетика“...

Македонија4 часа

Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари

За ескдиректорот на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов-Сокол, и за другите осомничени судот денес определи мерки на претпазливост по акцијата...

Економија5 часа

Казни од 500 до 10.000 евра, па и затворање на маркетите: Дурмиши најави контрола на над 1.000 трговски објекти

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска одржа прес-конференција, на која информира за мерките што ги донесе Министерството за...

Македонија6 часа

Место на шалтер, уверение за остварен доход отсега се вади електронски, автоматскиот систем ќе замени 29 службеници во УЈП

Граѓаните што имаат потреба од уверение за остварен приход, за да го извадат документот, повеќе не мора да одат на...

Македонија6 часа

Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство, бара СДСМ

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката...

Македонија7 часа

Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и...

Македонија8 часа

„ДУИ прави терен за бојкот на локалните избори“, велат од „Влен“

„За да избегне програмска и кадровска реформа, на ДУИ очајно му треба политичка криза. Затоа веќе подолг временски период креираат...

Свет9 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон, ќе потпише клучен договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, каде што се очекува да потпише важен договор за минерали со американскиот претседател...

Македонија10 часа

Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе...

Топ10 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид,...

Свет10 часа

Израел првпат призна сериозни воени неуспеси на денот кога Хамас изврши масакр

Израелската војска го објави првиот официјален извештај за грешките што доведоа до неуспех за време на нападот на Хамас на...

Свет12 часа

Објавени документите за Епстејн; Обвинителката: Има илјадници, ФБИ не ги испрати

Јавниот обвинител Пем Бонди објави документи за Џефри Епстејн. Како што претходно беше најавено, во документите нема нови информации или...

Свет12 часа

Ким Џонг-ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади, објавија денеска државните медиуми. Џонг...

Македонија24 часа

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица...

Македонија1 ден

Јас имам два сина и знам колку троши 4-члено семејство: Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...

Македонија1 ден

„Во Стоматолошката комора владее целосен тоталитаризам и самоволие“: Стоматолозите бараат оставка од Денковски

Стоматолозите се загрижени за актуелните случувања во Стоматолошката комора на Македонија под водство на Маријан Денковски. Неговите одлуки и политики,...