Македонија
Гаши се сретна со европратениците од мешовитиот парламентарен комитет

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со европратениците кои учествуваат на 23. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија – Европска Унија.
Делегацијата, предводена од хрватскиот европратеник Карло Реслер, копретседавач на овој заеднички комитет, е составена од 13 пратеници од речиси сите политички партии застапени во Европскиот парламент, вклучувајќи го и Томас Вајц, известител за Република Северна Македонија во Европскиот парламент. На состанокот присуствуваше и Михалис Рокас, амбасадор и шеф на делегацијата на ЕУ во земјата.
Соговорниците го поздравија одржувањето на првиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет по одржаните избори и за Собранието и за Европскиот парламент и изразија надеж дека заедничката соработка ќе продолжи со истата динамика и интензитет и во престојниот период.
Гаши нагласи дека ЕУ-интеграциите остануваат врвен стратешки приоритет и на Владата и на Собранието и изрази надеж дека силната поддршка што доаѓа од големото мнозинство во Европскиот парламент за нашите аспирации за полноправно членство во Европската Унија ќе продолжи и во иднина.
Европратениците истакнаа дека во моментот во однос на проширувањето на Европската Унија постои прозорец на можности, кој треба да се искористи, а информираа и дека Европскиот парламент како приоритет ја поставува зајакнатата соработка со парламентите на земјите од Западен Балкан.
На крајот, соговорниците изразија уверување дека дводневната работа на Мешовитиот парламенатрен комитет ќе резултира со усвојување заеднички препораки, кои на балансиран и објективен начин ќе ги претстави сите аспекти на односите меѓу државата и Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).