Македонија
СДСМ да го исклучи Сокол од член на Централниот одбор на партијата, бара ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Социјалдемократски сојуз (СДСМ) да го исклучи Филип Андонов од член на Централниот одбор на партијата.
Ваквиот повик на власта доаѓа, откако дел од медиумите објавија дека меѓу осомничените во акцијата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за злоупотреби во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е и поранешниот директор на оваа казнено-поправна установа, Филип Андонов викан Сокол.
Од владејачката партија ги повторија обвинувањата дека ексдиректорот од затворот во Шуто Оризари направил хотел, овозможувајќи им на осудени лица да излегуваат кога сакаат и каде сакаат со тоа што униформирани лица тајно ги транспортирале со службени возила до местата каде тие сакале.
„СДС и Филип Андов Сокол наместо да се борат против криминалот преку нив државата работела за криминалците. СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол. Правда и одговорност мора да има. Време е корумпираните носители на јавни функции да бидат онеспособени и спречени да го корумпираат општествениот систем. Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) завчера соопштија дека се поднесени кривични пријави против 10 лица, меѓу кои и против поранешниот директор на истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, Ф.А. и затворскиот полицаец С.К. кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ, вели Петрова

Исплатата на парите од услугата МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите тече континуирано, порача денска директорката на Управата а јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.
Нагласи дека прво треба да заврши обработката на кварталните даночните пријави кои се поднесени до 25 јануари по што почнува исплатата на средствата од МојДДВ.
-Во самиот процес се случува граѓани да променуваат трансакциски сметки, а УЈП доставува групни налози до Трезорот. Често ни ги враќаат заради угасени сметки во самиот тек на поврат на средствата. Доколку и само еден граѓанин ја угасне сметката се враќаат налози за други 8.000 граѓани и тоа значи дека процесот треба да почне наново. Можеби затоа стигнавме до крајниот рок со реализацијата на услугата. Сепак, во секој случај граѓаните ќе ги добијат своите средства навреме, истакнаа од УЈП на денешната средба со новинарите.
За исплата на средства за МојДДВ, како што посочи, за изминатиот квартал се предвидени 870 милиони денари.
Македонија
Радев телефонски разговараше со Сиљановска-Давкова: Дијалог од особена важност за цврсти билатерални односи

Претседателот на Бугарија, Румен Радев и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира Кабинетот на Радев, двајцата соговорници разговарале за важноста од контруктивен дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји.
– Овој дијалог е од особена важност и за изградба на цврста основа за развој на билатералните односи и за решавање на регионалните и глобалните предизвици поврзани со обезбедувањето на безбедноста, борбата против тероризмот и справувањето со нелегалната миграција, се наведува во информацијата од Кабинетот на бугарскиот претседател Радев.
Македонија
Тошковски тврди дека сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со максимално интензивирање на сите ресурси во изминатите дваесетина дена во главниот град, сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти, а сообраќајните незгоди со телесна повреда за околу 24 проценти. Вкупниот број на сообраќајни незгоди, како што изјави Тошковски, е намален за околу 13 отсто споредено со минатата година.
Полициските контроли во главниот град се интензивирани по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која на 29 јануари загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.
Според Тошковски, кога ќе има постојан видео надзор, секој граѓанин кој ќе направи прекршок, ќе биде детектиран и казнет и секој ќе ги почитува сообраќајните правила.
– Не е целта да се казнуваме, туку да немаме луѓе коишто гинат на улица, подвлече Тошковски.