Контакт

Македонија

Филипче: Владата не прави ништо, го запре процесот на зголемување на платите

Објавено пред

Владата не прави ништо, го запре процесот на зголемување на платите, не прифаќа никакви предлози кои се во интерес на граѓаните за да се намалат цените и сметките за струја, граѓаните страдаат од нивната неспособност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во Крива Паланка.

dobivaj vesti na viber

„Излегува премиерот и вели дека сме одлични во економијата, први сме. Одлични и први сме во што? Во тоа што струјата поскапе за 30%? Во тоа што цените во маркетите растат неконтролирано?„, праша Филипче.

Тој потенцираше дека Владата не прави ништо за да ја спречи економската нестабилност.

„Во една тешка економска ситуација, треба да растат платите, да има контрола на цените, да има поддршка за компаниите, да се спасуваат работни места. Но, оваа Влада ништо не прави. Немаат желба да седнат ниту на економско-социјален совет, ниту да примат било каков совет за да направат нешто во интерес на граѓаните„, нагласи претседателот Филипче.

Неспособноста на владејачката гарнитура е очигледна а граѓаните страдаат поради таа неспособност.

„Ниту премиерот, ниту некој од министрите, ниту било кој од неговиот најблизок тим има искуство во менаџирање на големи системи. Ништо никогаш не менаџирале. Сега се учат, ама лошо се учат и тешко дека ќе се научат,“ заклучи Филипче.

СДСМ ќе продолжи да се бори за економски мерки што ќе ги заштитат граѓаните и ќе обезбедат подобар животен стандард.

Македонија

Коцевски алармира: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Објавено пред

Од

Јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, денеска пред пратениците алармираше за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски средства, но и кадар во овој сектор. Рече дека зголемувањето на буџетот не е потребен за зголемување на платите на јавните обвинители, туку за извршување на нивната работа. Исто така, кажа дека за помалку од две години 40 вработени си заминале, а нивните места не се пополнети со нови вработувања.

dobivaj vesti na viber

Коцевски кажа дека многу размислувал дали да се обрати пред пратениците, затоа што барањата биле исти како лани.

„Лично многу размислував дали воопшто треба да се обраќам повторно од оваа говорница пред вас со истите барања како и лани. Уште повеќе што истите наши барања кои секоја година ги истакнуваме, пред само неколку дена ги потврди и Европската унија во последниот извештај – за ефикасна борба против криминалот и корупцијата мора да се овозможат ресурси и финансиска независност на обвинителството и на правосудството воопшто. Сепак, одбрав да зборувам. Прво, затоа што навистина верувам во моќта на пратениците да ни ги овозможат ресурсите кои ни се неопходни за да можеме да работиме. Второ, затоа што имам обврска да ви укажам дека состојбата со која сме соочени станува алармантна. Повторно, и за следната година, наместо законски предвидениот минимум од 0,4% од вкупниот буџет, се предлагаат едвај околу 0,2% за потребите на обвинителството. Во вкупен обем на средства, износот е дури и помал отколку во тековната година. Тоа е апсолутно нелогично во услови кога сите трошоци растат“, рече Коцевски.

Тој кажа дека не станува збор за покачување на платите и истакна дека се намалуваат средствата за договорни услуги од каде се исплаќаат сите вештачења, трошоци за истражни дејствија и за работа на јавните обвинителства во постапките што ги водат.

„Сакам да е јасно за целата јавност дека тука не станува збор за средства за некакво покачување на плати, ниту на јавните обвинители, ниту на јавнообвинителските службеници. Во предлог буџетот планираните издвојувања за плати се до денар исти како и годинава, а не се предвидени средства ниту за додатоци кои законски им следуваат на вработените. Но, што е уште поважно, најмногу се намалуваат средствата за договорни услуги од каде се исплаќаат сите вештачења, трошоци за истражни дејствија и за работа на јавните обвинителства во постапките што ги водат. Во исто време, нашите потреби во овој дел постојано растат. Вештачењата поскапуваат, а за голем број сериозни и сложени кривични дела воопшто нема вешти лица во нашата држава, па сме принудени да ангажираме експерти од странство. Се ова паѓа на товар на буџетот на обвинителството“, рече Коцевски.

Јавниот обвинител, исто така, кажа дека и состојбата со кадар е тешка и дека за помалку од две години има одлив од над 10 отсто на вработени.

„Кога сме кај кадровските ресурси, морам да укажам на крајно тешката состојба во која сме доведени како институција. Многупати сум кажал и мислам дека веќе сите знаат дека работиме со едвај една третина од потребниот број вработени во јавнообвинителската служба. Меѓутоа, има еден податок што уште повеќе загрижува. Oд почетокот на 2024 до денес, значи за помалку од 2 години, имаме одлив од над 10% на вработени кои си заминуваат по различни основи (околу 40 вработени). Во истиот период не ни е одобрено ниту едно ново вработување, па дури ни пополнување на овие испразнети места. Ниту едно ново вработување во службата не ни е одобрено ни за следната 2026 година, па очекувано е бројот на вработени дополнително да се намали. Иако недостигаат околу 30% и од потребниот број на јавни обвинители, поради блокираниот прием во Академијата, најмалку во следните три и пол години нема да биде примен ниту еден нов јавен обвинител. Со оглед на обемот на работа кој постојано расте, ваквата состојба е навистина неодржлива“, рече Коцевски.

Тој кажа дека станува невозможно да се споредиме дури и со земјите во најблиското опкружување. Кажа дека сите обвинителства во регионот се дигитализирани, опремени и со фукционални системи за управување со предметите.

Коцевски се осврна и на резултатите што ги постигнале обвинителствата.

„Бидејќи често се споменува дека финансиите треба да бидат поврзани со резултатите во работата, подготвен сум да зборувам и за резултати. Истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ обвинителството ја заврши за помалку од 2,5 месеци и ги обезбеди сите потребни докази. Овој предмет е вистинска потврда зошто е толку важно да се негуваат и да се инвестира во ресурсите на обвинителството, но и на правосудството во целина. Ваквите трагични настани никој не може да ги предвиди, а ние мора да имаме услови за да овозможиме ефикасна правда. Освен ова, по целосно спроведени истраги, во судска постапка влегоа многу сложени предмети, како што е „Онкологија“, злоупотребите откриени во предметот „Адитив“, повеќе злосторнички групи кои се обвинети за трговија со дрога и убиства“, рече Коцевски.

Тој со пример илустрира колку финансиски средства се потребни за решавање на некој предмет.

„Годинава се соочивме со исклучително сложени предмети и од областа на еколошкиот криминал, кривични дела кои предизвикаа и огромни последици на нашата животна средина, но и ги вознемирија граѓаните. Само еден пример сакам да истакнам тука за да илустрирам за какви трошоци за докажување зборуваме. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција работи на предмет поврзан со квалитетот на набавките на мазут и неговото влијание врз здравјето на граѓаните. За вештачење на само еден примерок кое мора да се врши во странство, потребни се 1.500 евра, а треба да се извештачат можеби 300 или повеќе примероци“, објасни Коцевски.

Тој кажа дека минатата година обвинителствата решиле околу 20 илјади предмети, а дополнително се постапува и во предистрага и во судска постапка. Во вакви услови, додаде тој, секој вработен во јавното обвинителство во моментов извршува работни задачи за најмалку 4 до 5 предвидени работни позиции.

„Ваквите резултати, во услови кога немаме доволна материјална и кадровска поддршка од државата, се можни само со натчовечки напори на луѓето во јавните обвинителства. Со оглед на недостатокот на кадар, секој вработен во јавното обвинителство во моментов извршува работни задачи за најмалку 4 до 5 предвидени работни позиции. Оттаму, извештајот на Европската комисија за нас не е изненадување. Сметав дека е потребно да апелирам до вас, уште еднаш да го разгледате предлог-буџетот за 2026 и да ги зголемите финансиите за јавното обвинителство. Средствата кои ние ги бараме не излегуваат надвор од законски предвидените рамки и ни се неопходни за ефикасна работа“, кажа Коцевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стаменковска-Трајковска: Уредувањето на коритото на Мала Рада ќе го намали ризикот од поплави

Објавено пред

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денес изврши увид во градежните активности за уредување на речното корито на Мала Рада, каде во напредна фаза се изградбата на потпорните ѕидови и уредувањето на самото корито.

dobivaj vesti na viber

Проектот се реализира со средства обезбедени од Владата на Република Македонија, преку програмата за капитални инвестиции финансирани од унгарскиот кредит, за кој Општина Кисела Вода аплицираше и доби одобрување во рамки на поддршката за општински проекти.

Реката Мала Рада се протега долж целото село Драчево, пред нејзиното влевање во реката Вардар, во должина од околу 2,5 километри. Рехабилитацијата на бетонските профили и санацијата на потпорните косини ќе овозможат поголема пропусност на водотокот и значително ќе го намалат ризикот од поплави, особено во зимскиот и пролетниот период.

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска истакна дека Општина Кисела Вода останува посветена на континуитетот во реализацијата на капитални проекти кои создаваат подобри услови за живот на граѓаните:
-Како локална самоуправа остануваме фокусирани на конкретни и видливи резултати. Континуитетот во реализацијата на вакви капитални зафати е од исклучително значење, затоа што тие директно го подобруваат квалитетот на живот, ја зголемуваат безбедноста и ја уредуваат општината на начин што ја прави поубава и пофункционална. Веќе започнавме со реализација на една сериозна програма со бројни инфраструктурни и развојни проекти кои ќе ги опфатат сите населби и населени места, со јасна цел. стабилен, уреден и модерен развој на Кисела Вода-изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: Доделени 138 стипендии во науката, спортот, културата и социјалната поддршка

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска додели 8 стипендии за ученици кои доаѓаат од социјално загрозени семејства.

dobivaj vesti na viber

„Секое дете заслужува еднаква шанса. Продолжете да учите, да се трудите и да ги следите своите соништа. Успехот доаѓа кога веруваме во себе и кога не се откажуваме,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Со ова, вкупниот број на доделени стипендии во учебната 2025/2026 година достигна 138, во области на наука, спорт, култура и социјална поддршка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Коцевски алармира: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, денеска пред пратениците алармираше за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски...

Топ48 минути

Возрасен маж нападнал 12-годишно дете без причина на улица во Скопје: го тепал со тупаници и клоци и му се заканувал со нож

Педесет и тригодишен скопјанец нападнал 12-годишно дете во Скопје. Тој го тепал детето со тупаници и клоци, а извадил и...

Македонија2 часа

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Судиите упатија остра критика до премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се...

Македонија2 часа

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Непотребно оперирани или неправилно упатени пациенти се пронајдени во десет од анализираните 19 случаи на кои работи домашната комисија формирана...

Македонија3 часа

„Минималната плата оди на 26.400 денари, почнува новата економска ера“, велат од „Влен“

„По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН,...

Македонија3 часа

(Фото) Тревникот до „Капитол мол“ се ослободува, им се враќа на граѓаните со ново игралиште, велат од Општина Аеродром

Општина Аеродром информира дека тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на...

Македонија4 часа

„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата

„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и...

Македонија4 часа

„Поранешни соработници му го свртија грбот на Филипче поради недоверба во него и влијанието на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е...

Регион5 часа

(Фото) Турски пилот загина во Хрватска, а преживеа пад на авион пред 2,5 месеца

Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти...

Свет5 часа

Поранешен шеф на МИ6: Путин не е подготвен за договор со Украина

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, изјави дека проценките на разузнавањето покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин...

Европа6 часа

(Фото) Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: десетици повредени

Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев во ноќта помеѓу 13 и 14 ноември, користејќи стотици беспилотни летала и повеќекратни...

Европа6 часа

(Видео) Гори руски нафтен терминал на Црното Море: Украинците го нападнаа со дронови

Украински дронови го нападнаа рускиот пристанишен град Новоросијск во Краснодарскиот крај преку ноќ, оштетувајќи нафтен терминал и предизвикувајќи голем пожар,...

Свет6 часа

Би-би-си му се извини на Трамп

Би-би-си му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп за погрешно изменетата верзија на неговиот говор од 6 јануари 2021...

Свет7 часа

Американците погодија брод на Карибите: „Четири наркотерористи убиени“

САД го извршија својот 20-ти напад врз бродови за кои се верува дека се користат за трговија со дрога, објави...

Свет7 часа

По одложувањето, екипажот на кинеското вселенско летало „Шенжоу-20“ се враќа на Земјата

Тројца кинески астронаути чие враќање на Земјата беше одложено поради вселенски отпад што го погоди нивниот вселенски брод минатата недела,...

Македонија22 часа

Ако правосудството работи по закон, и мојата плата ќе им ја донирам, рече Мицкоски кој засега не поддржува зголемување на примањата на судиите и обвинителите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор,...

Регион1 ден

Истрага за странските викенд-снајперисти во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за лов, ги таргетираа децата“

Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. викенд-снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево биле...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми во Министерството за земјоделство

Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно...

Македонија1 ден

Кривична за ексградоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и за уште седум лица поради злоупотреби со градежно земјиште

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до скопското Обвинителство против осум лица — поранешни функционери и службеници во Општина...

Свет1 ден

Фон дер Лајен: Путин греши ако мисли дека може да нè исцрпи, ЕУ одвојува 6 милијарди евра за Украина

ЕУ ќе ѝ додели 6 милијарди евра на Украина во рамките на заем од механизмот на Г7 за забрзување на...