Спорт
(Видео) Атлетико го искористи киксот на Реал се искачи на првото место

Фудбалерите на Атлетико Мадрид на домашен терен го совладаа Атлетик Билбао со 1:0, во 26. коло од Ла Лига. Тимот од Мадрид победи со голот на Хулијан Алварез.
Првото полувреме беше изедначено, со една добра шанса на двете страни. Ле Норман не успеа да му донесе водство на Алтлетико во третата минута, откако беше заборавен пред голот на Симон, но неговиот обид со глава заврши над голот.
Инаки Вилијамс во 11. минута имаше „еден на еден“ со Облак, но Словенецот одбрани. Серлот имаше две можности, а Беренгер една до крајот на полувремето.
Атлетико успеа да поведе на средината на вториот дел. Се играше 66. минута кога Хулијан Алварез успеа да го совлада Унаи Симон по брилијантното додавањето на Маркос Љоренте..
Овие двајца фудбалери пет минути претходно влегоа на теренот.
Атлетик Билбао ја презеде иницијативата во преостанатиот дел од натпреварот, најпрвин Бенат Прадос Диас ја погоди стативата во 76. минута, топката се одби до Инаки Вилијамс кој од пет мтри биеше во гредата.
Инаки имаше шанса во 82. минута, но повторно гредата го спаси Атлетико Мадрид. До крајот Атлетико имаше шанса преку Алварез. Аргентинецот се обиде од слободен удар но Симон ја одби топката.
Атлетико сега се наоѓа на првото место во Ла Лига со 56 бода, два повеќе од Реал и Барселона, Каталонците имаат натпревар помалку. Билбао е на четвртото место со 48 бодови.
Во следната рунда Атлетико му гостува на Хетафе, додека Атлетик Билбао е домаќин на Мајорка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Меси со спектакуларен гол ја режира победата на Интер

Со спектакуларниот гол на Лионел Меси, Интер Мајами го победи Порто со 2:1 и дојде на чекор до пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави.
Еден од најдобрите играчи во историјата ја намести топката во 54-та минута и изведе совршен слободен удар од околу 20 метри. Аргентибецот го погоди левиот горен агол од голот на Клаудио, кој не можеше да се одбрани. Тоа беше клучен момент на натпреварот.
Во првото полувреме, Порто беше подобриот тим. Тие поведоа веќе во осмата минута кога шпанскиот репрезентативец Сама постигна гол од пенал. Португалците можеа да водат поубедливо, но не ги искористија своите можности.
Сè се промени за осум минути во второто полувреме. Прво, Сеговија го израмни резултатот по додавање на Вејнгант, а потоа волшебникот од Росарио реши сè.
Палмеирас и Интер сега имаат по четири бода, додека Ал Ахли и Порто имаат по еден бод.
Спорт
Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Шпанскиот крал Фелипе VI денеска му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати.
Надал отсега ќе ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а тоа е наследна титула.
За време на својата богата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 беа на Ролан Гарос, и без сомнение е најдобриот играч во историјата на земјена подлога.
Покрај Надал, кралот ги почести и поп-рок пејачката Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.
„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка на вредности што треба да го инспирираат нашето општество“, објави шпанската кралска куќа.
Спорт
Мбапе е хоспитализиран!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис и е задржан на понатамошни тестови.
Во превод, Мбапе има стомачен грип, а оваа информација официјално ја објави неговиот клуб, Реал Мадрид.
„Нашиот играч Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран на дополнително тестирање и лекување“, се вели во соопштението.
Parte médico de Mbappé.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 19, 2025
Реал и Мбапе моментално се во Соединетите Американски Држави, каде што ремизираа со Ал-Хилал во првото коло од Светското клупско првенство на ФИФА.
Мбапе не беше дел од тој натпревар поради повреда, или поточно болест, а сега е откриено точно за што се работи.
Следниот натпревар на Реал е во недела навечер против Пачука, но големото прашање е дали Французинот ќе биде подготвен за тој дуел.