Црна хроника
Полицијата најде дрога во Тетово

На 01.03.2025 околу 21 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории на Ф.И.(31) од Тетово.
Како што соопшти МВР, при претресот биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана. Ф.И. бил лишен од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното

Во текот на минатиот месец (февруари 2025), како резултат на планските континуирани сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, од сообраќај беа отстранети вкупно 2.059 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 617 возачи кои возеле под дејство на алкохол, додека пак дури 7.473 возачи добиле прекршочни казни заради возење со поголема брзина од дозволената. Од вкупниот број издадени платни налози, а тој за февруари месец изнесува 23.844, 1.508 платни налози се однесуваат на некористење сигурносен појас, 766 за користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и 475 пешаци. Најголем број од прекршочните пријави се за неправилното паркирање 5.746 прекршоци, информира МВР.
Во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд според статистичките показатели, полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 1.278 платни налози и притоа без возачка дозвола биле затекнати 126 возачи, а пак 144 возачи возеле под дејство на алкохол. Исто така, според полицијата, евидентирани се и 238 прекршоци по основ на пребрзо возење, 79 лица не користеле сигурносен појас, 37 возачи користеле мобилен телефон, 14 минале на црвено светло, а прекршочно биле санкционирани и петмина пешаци.
Црна хроника
Уапсен 20-годишник од Куманово: при претрес пронајдена марихуана

На 01.03.2025 во 00.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 20-годишниот М.М. од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Украдени мобилен телефон и пари во верски објект во Гостивар

Полицијата го приведе Г.П.(25) од Република Албанија поради кражба извршена вчера во верски објект во Гостивар.
„Тој одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од селото Долна Бањица, гостиварско. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.