Спорт
(Видео) Милан е во слободен пад, загуби и од Лацио

Лацио во драмтичен натпревар го победи Милан на „Сан Сиро“ во Милано со 2:1. Натпреварот одигран во рамките на 27.коло, го реши ветеранот Педро од пенал во 98.минута. Во последните 35 години ова е само втора победа на Лацио против Милан во Милано.
Милан влезе во „црна дупка“ од која не мопже да се извлече. Против Лацио го забележа третиот пораз во низа во Серија А. Милан со 41 бод падна на деветтото место на табелата и како што стојат работите пласман во Лигата на шампионите е мислена именка за црвено-црните.
Лацио со оваа победа „скокна“ во зоната на лигата на шампионите. Екипата на Барони се наоѓа на четвртотот место со 50 поени, еден повеќе од петтопласираниот Јувентус.
Овој пораз ги разниша позициите на тренерот Серж Консеисао. Минатата недела, италијанските медиуми пишуваа дека Консеисао со Милан мора да ги добие натпреварите против Болоња и Лацио за да остане на функцијата. Милан двата натпревари ги загуби.
Што се однесува до натпреварот, Лацио дојде до предност во 28.минута со голот на капитенот Закањи. Милан играше подобро во вториот дел, не успеа да постигне гол до 68.минута, но остана со играч помалку. Српскиот репрезентативец Павловиќ доби директен црвен картон.
Лацио во последните 10 минути непотребно се повлече, Милан го искористи тоа и преку Чукуезе изедначи во 85.минута.
И кога се сите го чекаа крајот на натпреварот, Мењон направи фаул врз Исаксен. ВАР интервенираше, судијата покажа на белата точка, а Педро погоди за триумф на Лацио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Обамејанг шоу против Гамбија – Постигна четири гола и доби црвен картон

Со убедлива победа на гости против Сејшелите, фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се доближија до пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули следната година.
Брегот на Слоновата Коска се први на табелата во групата Ф, попладнево победија со 7:0 против Сејшелите со головите на Сангаре (7-11м), Агбаду (17), Диаките (32), Гесанд (39), Диоманде (55), Адингра (67) и Кеси (90).
„Слоновите“ сега имаат 23 бода, еден повеќе од Габон, кој ја победи Гамбија со 4:3 како гостин во натпревар полн со пресврти. Габон водеше со 1:0 и 2:1, Гамбија направи пресврт на 3:2, но на крајот Габон сепак победи со 4:3.
Сите четири гола за Габон ги постигна ветеранот Пјер-Емерик Обамејанг (20, 42, 62, 78), но беше исклучен во 85-та минута поради втор жолт картон, додека стрелци за Гамбија беа Минтех (23) и Сидибех (45+2, 47).
За четири дена, Брегот на Слоновата Коска ќе има можност да го обезбеди Светското првенство со победа дома против Кенија, додека Габон, со победа против Бурунди, ќе мора да чека кикс на „Слоновите“, за да го обезбеди своето историско прво патување на Светското првенство.
Спорт
Младата репрезентација со пресврт до победа над Ерменија

Младата македонска фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.
Попладнево во Скопје, Македонија ја победи соодветната селекција на Ерменија со 2:1. Херој на победата беше стрелецот на двата гола, Димитар Трајков.
Македонските надежи со пресврт во второто полувреме дојдоа до првите бодови во Е групата. Ерменците имаа предност од 38-та минута кога погоди Ховханисијан.
Пресвртот го режираше напаѓачот на Работнички, Трајков, со головите во 54-та и 83-та минута.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
(Видео) Бразил ја декласира Јужна Кореја

Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул.
Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции.
Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77).
Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат на теренот.
Foto/ EPA