Црна хроника
Кривична за директорка во основно училиште во Струмичко: ја злоупотребувала позицијата

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Р.(54) од Ново Село, струмичко.
Таа се сомничи за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“.
Имено според полицијата, во текот на 2023 и 2024, пријавената во својство на директор на основно училиште во Ново Село, самата се назначувала за ментор на приправници за образовни асистенти, за што добивала парични средства во износ од 10% од нејзината бруто плата, со што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 147.456 денари во 2023 година и 155.904 денари во 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Куманово по судир со возило

Во СВР Куманово синоќа околу 20.30 часот е пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„1“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(50) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(18) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Црна хроника
Двајца повредени кога возило излета од патот Градско – Прилеп

Вчера околу 09.00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, на делница Градско-Фариш, патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.С.(71) од Струмица, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка С.С.(73) од Струмица, констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.
Црна хроника
Уапсен возач во валандовскo: управувал возило со брзина од 97 километри на час, на место каде е дозволено 40

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишија од слобода А.Р.(33) од село Банско, струмичко.
При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека А.Р. управува моторно возило со брзина од 97 километри на час на место каде што брзината на движење е ограничена на 40 километри на час.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.