Европа
(Видео) Црвено предупредување во Валенсија поради силен дожд

Обилно невреме вчера ја погоди југоисточна Шпанија, четири месеци откако во поплавите загинаа 224 лица, поради што се откажаа наставата во Валенсија за денеска, а жителите се повикани да бидат на готовност.
Метеоролошката служба АЕМЕТ ја подигна тревогата на највисоко „црвено“ ниво, а градските власти во Валенсија ги откажаа часовите и активностите на отворено.
No es Gaza, no es Ucrania, es Valencia 4 meses después, nadie hará una cumbre por esto, ni tan siquiera en la sede de nuestro gobierno. pic.twitter.com/SMqThyKnrA
— 🅰🆁🆂🅴🅽🅸🅲🅾 🈷️🈴️🈷️ (@Arsenico_bis) March 3, 2025
„Се очекува една недела пороен дожд, затоа ве повикувам да ги следите најавите и препораките на службите за вонредни состојби“, изјави претседателот на провинцијата Карлос Мазон на жителите преку социјалните мрежи.
Во провинцијата Валенсија, 224 луѓе загинаа на крајот на октомври во поплава предизвикана од силен дожд.
This is Buñol, Valencia in Spain, today, where 100mm of rain has already fallen in the last few hours.pic.twitter.com/LSQ2vz7D7Z
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) March 3, 2025
Во Паипорта, место кое беше особено тешко погодено, парковите и гробиштата вчера беа затворени, а училиштата ќе бидат затворени од денеска. Се повикуваат жителите да не ги напуштаат домовите доколку не е потребно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Захарова го нападна финскиот претседател: „Не знам како Финците сè уште го толерираат“

Изјавите на финскиот претседател Александар Стуб за победата над СССР во 1944 година се опскурантизам, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, прашувајќи се како е можно „Финците сè уште да го трпат тоа“.
Захарова ги даде овие забелешки во интервју на маргините на Источниот економски форум, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Реакцијата на Москва дојде откога Стуб во интервју за „Економист“ изјави дека Финска ја добила војната со Советскиот Сојуз во 1944 година затоа што успеала да ја зачува својата независност.
„Видете ги изјавите на Стуб, претседателот на Финска. До што дојде тој? Дека тие, Финците, дури и не знам како Финците сè уште го толерираат, склучија договор со Русија, со Советскиот Сојуз, во 1944 година, а сега веќе дојде до точка дека Финска наводно извојувала победа над Советскиот Сојуз во 1944 година. Ова е генерално некаков опскурантизам, едноставно е исто како да се каже дека два пати два е четириесет и осум, разбирате ли?“, рече таа.
Захарова додаде дека ваквите изјави се дозволени затоа што денес тоа е посакувано.
фото: принтскрин
Европа
Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но дека мора да се признаат „нови територијални реалности“ и да се формираат нови системи за безбедносни гаранции.
„За мирот да биде одржлив, новите територијални реалности мора да се признаат и формализираат во меѓународното право“, рече Лавров во интервју за индонезискиот весник „Компас“.
Индиректно реферирајќи на континуираното противење на Москва на приклучувањето на Украина кон НАТО, Лавров рече дека „на Украина треба да ѝ се гарантира неутрален, неврзан и ненуклеарен статус“.
Украина вели дека не е до Русија да одлучува во што Киев може, а што не може да се приклучи, додека НАТО вели дека Русија не може да има вето врз членството во алијансата, која беше основана во 1949 година за да се спротивстави на заканата што ја претставуваше Советскиот Сојуз.
Лавров рече дека шефовите на руската и украинската делегација биле во директен контакт и дека очекува разговорите да продолжат.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри дожд на квадратен метар.
На многу улици, водата ги крена капаците на шахтите или однесе канти за ѓубре. Поројот однесе и возила, објави Индекс.хр.
Flooding in Trieste in northeast Italy this evening…🌊pic.twitter.com/dtH3w1Pvbh
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 2, 2025
Интернет и телефонските врски биле во прекин подолго време. Електричната енергија беше во прекин на некои улици во центарот на градот. Противпожарната служба имаше десетици интервенции поради луѓе заглавени во лифтови, автомобили заглавени во вода и поплавени подруми и куќи.
Severe flooding in Trieste, Italy today. (Sep 02)
📹Revoltella via Laura_Mlb7 pic.twitter.com/BdPP2w8ODZ
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) September 2, 2025
Потпорен ѕид се урна, оштетувајќи автомобил. Инцидентот се случил кратко по 21 часот, кога жителите во областа слушнале силен тресок.
Во тој момент никој не поминувал покрај ѕидот. Имало материјална штета, но луѓето што живеат во блиските згради биле во страв. Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот за да го обезбедат местото и да спречат понатамошни уривања.
фото: принтскрин