Црна хроника
Кривична пријава за директор на основно училиште во Делчево, без јавна набавка договорил превоз на ученици
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.В.(48) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 3 и став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот Г.В., како директор на општинско основно училиште во Делчево, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во периодот од 01.09.2021 до 19.10.2021 постапил спротивно на член 77 и член 49 од Законот за јавни набавки.
Имено, без донесена одлука и без спроведена поедноставена отворена постапка, во која секој заинтересиран економски оператор може да поднесе понуда врз основа на оглас за јавна набавка, без да склучи договор за јавна набавка за превоз на ученици во периодот, повикувајќи се на претходен договор со истечен рок на важност, Г.В. усно договорил превоз на ученици од училиштето со правно лице од Делчево и на тој начин овозможил правното лице да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 193.000 денари. Исто така, пријавениот за сите релации платил на правното лице и покрај тоа што знаел дека за дел од релациите превозот го вршел подизведувачот, кој поднел тужба и со пресуда на Апелационен суд Штип од училиштето му биле исплатени 200.074 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

