Спорт
(Видео) Историски преседан на Леброн, Дончиќ се запиша во историјата на Лејкерси

Лос Анџелес Лејкерс ја оправда улогата на фаворити со убедлив триумф над Њу Орлеанс Пеликанс. „Езерџиите“ го декласираа противникот во „Крипто арената“ со 136:115.
Лука Дончиќ и Леброн Џејмс го обележаа овој натпревар.
Словенецот постигна 30 поени, забележа 15 асистенции и осум скока. Дончиќ е стана четвртиот играч во историјата на Лејкерси со 30+ поени и 15+асистенции на еден натпревар. Пред Лука, Џери Вест го направи тоа девет пати, Меџик Џонсон 22 пати е еднаш Леброн Џејмс, против Далас во ноември 2019 година.
Што се однесува до 40-годишниот ветеран, Џејмс беше најзаслужен за победата со 34 поени, осум скока, шест асистенции, две блокади и една украдена топка. Пред овој натпревар, тој беше на само еден поен од поставувањето на историски преседан – 50.000 поени збирно во сезоната на лигата и плеј-офот, нешто што ниту еден играч досега не го постигнал.
Лејкерси ја запишаа седмата последовна победа, сега се на второто место во Западната конференција со 39 победи и 21 пораз, веднаш пред Денвер Нагетс, кои имаат исто толку победи и еден пораз повеќе.
Во (рано наутро по средноевропско време) ќе го пречекаат Њујорк Никс, по што ќе следи патување на источниот брег на САД, каде прво ќе се соочат со старите ривали Бостон Селтикс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кимих одлучува пред репрезентативната пауза

Наредните неколку недели се клучни за иднината на Џошуа Кимих во Баерн Минхен. Договорот на Кимих важи до крајот на сеозоната, а Баерн ги запре преговорите околу новиот.
Клубот од Минхен не брза да донесе одлука. Кимих и Баерн влегоа во преговори за нов договор и германскиот интернационалец не би имал ништо против да остане на Алијанц Арената, но клубот не ги прифати неговите финансиски барања.
Развојот на настаните во Минехн, внимателно го следат неколку клубови. За Кимих заинтересирани се и Арсенал, Челзи и ПСЖ. Сепак, Кимих знае каде да не оди.
Според извори на „Билд“, играчот од средниот ред на Баерн не би сакал да ја продолжи кариерата во Арсенал. Значи, како опција остануваат „сините“ од Лондон и ПСЖ.
Спорт
Англиските медиуми тврдат дека Влаховиќ ќе заврши во Астон Вила

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, но не и во Арсенал, Челзи или Манчестер јунајтед.
Пол-позицијата за евентуалниот траснферот на Влаховиќ ја има Астон Вила, која во него гледа идеална замена за Џон Дуран, фудбалер кој во текот на зимата се пресели во Ал Наср.
Според британските медиуми, Србинот е голема желба на тренерот Унаи Емери, кој во него гледа клучен играч во офанзивната линија на тимот од Бирмингем.
Од Јувентус се свесни дека летниот преоден рок може да им биде последна шанса да заработат сериозни пари од трансферот на Влаховиќ, со оглед на тоа дека договорот му истекува во 2026 година.
Се претпоставува дека трансферот би можел да изнесува околу 30 милиони евра, што е релативно добра цена за напаѓач од негов калибар.
Сепак, Астон Вила би морала да одвои значителни средства за неговата плата, што би можело да биде клучен фактор во преговорите.
Влаховиќ пристигна во Јувентус пред три години од Фиорентина за 83,5 милиони евра и оттогаш одигра 134 натпревари во црно-белиот дрес, постигна 55 гола и забележа 11 асистенции.
Спорт
ФА бара доживотна суспензија за Лукас Пакета

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) во наредните три недели ќе го води процесот против фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета.
Бразилецот е обвинет дека се обложил на натпреварите кои ги одиграл и дека на нив намерно добивал жолти картони.
Истрагата против Лукас Пакета беше покрената минатата година и кога ќе се земе предвид целото време, ќе биде најдолгата во историјата на англискиот фудбал, објави „Скај Спорт“.
Бразилецот е обвинет дека намерно добил жолти картони, на натпреварите против Лестер во ноември 2022 година, Астон Вила во март 2023 година, Лидс во мај истата година и против Бурнемаут во август минатата година.
Пакета ги негираше обвинувањата и рече дека е подготвен да се бори на суд за да ја одбрани својата чест и име.
ФА побара бразилскиот играч да добие доживотна забрана за фудбал. Минатото лето, Пакета беше на прагот на трансфер на кариерата, кога Манчестер сити не успеа да се договори со Вест Хем.