Свет
Трудо: Трамп соработува со Путин и воведува глупави царини за најголемиот партнер на САД

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека американските царини за Канада се глупави и рече дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се обидува да соработува со рускиот претседател Владимир Путин, додека води трговска војна против најблискиот сојузник – Канада.
Трудо истакна дека Канада ќе воведе одмазднички царини за американски стоки во вредност од повеќе од 100 милијарди долари како одговор на тарифите на Трамп од 25 отсто, пренесува АП.
Денес, Соединетите Американски Држави почнаа трговска војна против Канада, низвниот најблизок партнер и сојузник, нивниот најблизок пријател. Во исто време тие зборуваат за позитивна работа со Русија, за смирување на Владимир Путин, лажлив, убиствен диктатор“, рече Трудо.
Тој го обвини Трамп дека се обидува да ја уништи канадската економија за да ја олесни анексијата на Канада и да ја направи 51. сојузна држава.
„Сакам директно да разговарам со еден конкретен Американец, Доналд. Не ми е навика да се согласувам со ‘Волстрит џурнал’, но, Доналд, тие истакнуваат дека ова е многу глупаво, иако си ти многу паметен тип“, додаде Трудо.
Канадскиот премиер рече дека граѓаните на таа земја се лути поради воведените санкции и додаде дека Канаѓаните ќе продолжат да свиркаат додека се свири американската химна, што се случи неодамна на спортски настан меѓу Канада и САД.
Во вторникот Трамп предупреди дека американските царини, доколку Канада воведе царини и за американските стоки, веднаш ќе се зголемат на нивото на канадските царини.
Трамп воведе царини од 25 отсто за канадска и мексиканска стока, а ги ограничи на 10 отсто кога станува збор за увоз на канадска енергија во САД, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
САД престанаа да испраќаат разузнавачки информации во Украина, Франција понуди помош

Франција нуди разузнавачка поддршка за Украина, изјави денеска министерот за одбрана Себастиен Лекорну, еден ден откако Вашингтон соопшти дека го прекинува споделувањето разузнавачки информации со Киев како дел од напорите да се зголеми притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Соединетите држави се обидуваат да извршат притисок врз Зеленски да соработува со напорите на претседателот Доналд Трамп да започне мировни преговори со Русија, која ја нападна Украина во февруари 2022 година.
„Имаме разузнавачки ресурси кои ги користиме за да им помогнеме на Украинците“, изјави Лекорну за радиото Франс Интер.
„Тоа беше суспендирано од вчера попладне“, додаде тој, мислејќи на споделувањето на американските разузнавачки служби со Украина.
„Мислам дека за нашите британски пријатели, кои се во разузнавачката заедница со САД, тоа е малку покомплицирано“.
Лекорну, исто така, рече дека францускиот нуклеарен арсенал, развиен во раните денови на Студената војна и со намера да биде независен од тогашните доминантни сили Вашингтон и Москва, е доволен.
Франција е отворена за дискусии за проширување на заштитата која го нуди нејзиниот нуклеарен арсенал на европските партнери со оглед на заканата што ја претставува Русија за Европа, изјави во средата претседателот Емануел Макрон.
Макрон говореше пред самитот на европските лидери, каде се очекува Украина и одбраната да бидат централни теми.
Свет
(Видео) Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото

Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на Фокс њуз вчера со крст на челото.
Христијанската традиција налага дека свештеникот ги попрскува главите на верниците со пепел или прави крст на нивните чела со пепел. Во христијанската традиција, посипувањето со пепел означува покајание и подготвеност за нов живот, пишува АП.
Marco Rubio appeared on the last television show with a cross on his forehead because of his participation in religious practice.
The people from trump's mafia team are not Christians, never.
What more appropriate terms can you think of for these lackeys of the US dictator? pic.twitter.com/HXBLFwNfN7
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) March 6, 2025
Родителите на Марко Рубио емигрирале од Куба во САД во 1956 година, две години пред да дојде на власт Фидел Кастро. Наскоро тие се приклучиле на мормонската црква. Католичките медиуми во САД јавуваат дека тие подоцна ја напуштиле мормонската црква по наговор на нивниот син и се вратиле во католицизмот.
Is the US Secretary of State Marco Rubio spewing Russian propaganda with a giant cross painted in the forehead? pic.twitter.com/1bwtj0hib6
— Kvist (@kvistp) March 6, 2025
Рубио се оженил во Католичката црква, но подоцна станал член на евангелистичка мегацрква со неговата сопруга. Во следните години, како што рече, почнал да копнее по светата тајна причест, па се вратил во Католичката црква.
U.S. Secretary of State Marco Rubio draws a cross on his forehead during a press conference to discuss Trump's positions. pic.twitter.com/YWdBTJKfzi
— Hanzo (@HanzoNasan) March 6, 2025
Свет
Хамас: Заканите на Трамп го туркаат Нетанјаху да го прекине примирјето во Газа

Хамас денеска соопшти дека постојаните закани на американскиот претседател Доналд Трамп кон Палестинците претставуваат поддршка за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се повлече од примирјето во Газа и да ја заостри опсадата на жителите на крајбрежната енклава.
Трамп вчера побара Хамас „да ги ослободи сите заложници сега, а не подоцна“, вклучително и останките на починатите заложници, „или готово е за вас“.
Во текстуална порака до Ројтерс, портпаролот на милитантната група, Абдел-Латиф ал-Кануа, рече: „Најдобар пат за ослободување на преостанатите израелски заложници е окупацијата да премине во втората фаза (од прекинот на огнот) и да ја принуди да го почитува договорот потпишан под покровителство на посредниците.
Договорот за прекин на огнот во Газа, кој стапи на сила во јануари, беше преговаран со претставник на Трамп кој учествуваше заедно со претставник на администрацијата на поранешниот претседател во заминување Џо Бајден.
Договорот предвидува ослободување на преостанатите заложници како дел од втората фаза, во текот на која ќе бидат договорени конечните планови за завршување на војната.