Црна хроника
Велешанка загинала, сопругот повреден во несреќа со трактор

Велешанка загина, а нејзиниот сопруг е повреден во несреќа со трактор што се случила во средата наутро околу 8 часот во велешкото село Раштани.
Случајот во полиција го пријавила екипа на Итната медицинска помош која интервенирала. Тракторот марка „ИМТ 539“ со велешки регистерски таблици се превртел, а во несреќата на лице место починала шесет и четиригодишна жена, а нејзиниот сопруг исто така на шеесет и четиригпдишна возраст, се здобил со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР-Велес и ЈО по чија наредба телото на починатата ќе биде дадено на обдукција./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгубил контрола врз тротинетот и паднал: тешко повреден скопјанец

Вчера околу 20.10 часот во СВР Скопје e пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, Б.Ј.(38) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повреден маж по судир меѓу возило и мопед

Вчера околу 13 часот во СВР Скопје e пријавено дека на крстосницата од ул.„5“ со сервисна улица во с.Визбегово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(45) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.С.(42) од с.Батинци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Свекрвата ја претепала снаата во Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.Х.(49) од општина Македонска Каменица.
Таа се сомничи за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 во врска со став 1 и член 45 од Кривичниот законик.
Имено на 24.04.2025 во семејниот дом В.Х. физички ја нападнала нејзината 29 – годишна снаа за син, по што е лишена од полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица.