Забава
Ќерката на Џони Деп присуствуваше на забавата по „Оскарите“, многумина ја коментираа нејзината облека

Лили Роуз Деп, 25-годишната ќерка на Џони Деп и Ванеса Паради, стана тема на коментари на социјалните мрежи поради изборот на облеката што ја носеше на забавата на „Венити фер“ организирана по „Оскарите“.
Младата актерка се појави во краток шарен топ украсен со црна машна и долго здолниште со ниска половина. Таа со овој избор на облека ја истакна својата вита фигура, како и тесната половина, некои ѝ даваа комплименти за изгледот, други сметаа дека не е соодветно облечена за ваков настан.
Инаку, хорор-филмот Nosferatu, во кој Лили Роуз ја играше главната улога, беше номиниран за „Оскар“ во четири категории.
Филмот е римејк на германскиот експресионистички класик од 1922 година, инспириран од романот „Дракула“ на Брам Стокер. Сместен во Германија од 1830 година, ја следи младата жена Елен Хантер, која ја игра Лили Роуз, додека се свртува кон натприродно суштество за да ја ублажи својата осаменост, што ја наведува да даде злокобен завет за вечност. Хоророт има 84 проценти на Rotten Tomatoes.
„Ова изгледа страшно“, „Можеше и да облече нешто. Изгледа како да отишла на плажа“, „Убава е, но не ми се допаѓа оваа облека за ‘Оскарите’“, „Изгледа како стомачна танчарка“, „Малку насмевка, малку руменило и сјај за усни и ќе изгледаше подобро“, „Не разбирам зошто ја осудуваш, млада е и изгледа модерно“, се само некои од коментарите.
Неодамна Лили Роуз откри дека таа со овој филм сигурно ќе освои поени кај помладиот брат Џек, кој како и таа како дете бил опседнат со Дракула.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Ме замолија да се откопчам и да го соблечам фустанот“ – славната актерка откри непријатен момент од аудиција за улога во филм за Бонд

Актерката Розамунд Пајк се присети на аудицијата за улогата во „Die Another Day“, филм за Џејмс Бонд во кој глумеше Пирс Броснан, и раскажа како доживеала непријатна ситуација.
Како што изјави за „Харперс Базар“, на аудицијата од неа побарале да остане во долна облека.
„На аудицијата за Бонд ме замолија да се откопчам и да го соблечам фустанот што го носев, и да стојам таму во долна облека. И си помислив: ‘Па, не, тоа ќе го направам ако ја добијам улогата. Сега нема да го сторам тоа.‘ Не знам што ми беше тогаш“, раскажа таа.
Иако одбила да направи што ѝ било побарано на аудицијата, Пајк ја добила улогата во хит-филмот.
Претходно, Розамунд, во подкастот „David Tennant Does a Podcast with…“, зборуваше и за еден непријатен момент за време на снимањето на интимна сцена со Броснан.
„Се гушкавме, па се одвоивме и погледнав во лепенките за телото и оние за брадавици, а тие беа покриени со влакна. И си помислив: ‘О Боже, јас ги депилирам градите на Пирс.‘ Бев многу засрамена. Си реков: ‘Толку е храбар, јас му ги кубам влакната од градите со секое гушкање.‘ И секако, требаше неколку обиди за да сфатам дека тоа не бил тој. Тоа беше вештачкото крзно од теписите. Навистина мислев дека ги депилирам неговите гради“, раскажа таа.
Забава
Ретко покажуваат кога им е тешко: три хороскопски знаци кои држат во себе

Додека некои веднаш кажуваат кога нешто им тежи или пречи, има хороскопски знаци кои сè доживуваат длабоко, но тивко. Не сакаат да се отвораат, не бараат помош и не сакаат да покажуваат слабост. Наместо да плачат или да се жалат, тие чуваат сè внатре, надевајќи се дека непријатните чувства едноставно ќе поминат.
Ова се трите знаци кои најчесто ги носат своите грижи сами, за никој да не забележи колку навистина им е тешко.
Јарец
Јарецот е симбол на сила, контрола и одговорност. Кога му е тешко, нема да го покажува тоа бидејќи мисли дека мора да остане цврст и да не ги оптоварува другите со своите проблеми. Неговата болка често е тивка и се крие зад зафатеност, работа и реченици од типот „се е во ред“. Јарците веруваат дека емоциите треба да се решаваат сами, во тишина, па дури и ако можат да користат поддршка.
Девица
Девиците анализираат сè, вклучително и сопствените емоции, но ретко зборуваат за нив. Наместо да се жалат, тие се обидуваат да си објаснат зошто се чувствуваат така и каде згрешиле. Често делуваат мирно и присебно, додека внатре се борат со анксиозност и несигурност. Девицата ќе ви помогне во се, но ќе и биде тешко да признае дека и треба помош.
Шкорпија
Иако се познати по своите интензивни емоции, Шкорпиите ретко ги откриваат своите слабости. Нивната болка е длабока. Тие не сакаат да ги гледаат како ранливи и претпочитаат да држат сè под контрола. Кога тие страдаат, обично нема да знаете освен ако не ги знаете многу добро. Тие ќе се повлечат, ќе молчат и ќе размислуваат, но ретко ќе ги отворат своите срца ако не сте ја стекнале нивната целосна доверба.
Забава
Хали Бери: Морав да го сменам фустанот поради строгите правила на Кан

Организторите на Канскиот филмски фестивал годинава воведоа строги кодекси на облекување до кои славните мора да се придржуваат.
Забрането е носење фустани со голем волумен, фустан што се влече по земја зад грбот, како и разголени фустани за да се обезбеди поголема пристојност.
Кинеската актерка Ван Ќенхуи ги прекрши правилата со излегувањето на црвениот тепих, но актерката Хали Бери не препушти ништо на случајноста и откри дека поради новите правила во последен момент се одлучила за поинаков фустан.
„Имав одличен фустан за вечерва, но не можев да го облечам бидејќи задниот шлеп е преголем. Морав да го сменам. Но делот за голотија е веројатно добро правило”, рече таа на прес-конференцијата.
58-годишната Бери оваа година е член на жирито на фестивалот, а за разлика од неодамнешното предизвикувачко издание со кое го привлече вниманието, таа во Кан се појави во долг фустан со црно-бели риги, а со тоа ги избегна строгите казни кои ги најавија организаторите.
„Целта не е нужно да се регулира облеката, туку да се забрани целосната голотија на црвениот тепих, во согласност со институционалната рамка на настанот и француските закони“, велат организаторите.
„Фестивалот го задржува правото да го оневозможи пристапот на лица чија облека може да го попречи движењето на другите гости или да го отежне распоредот на седење во салите за прикажување“, додаваат тие.