Македонија
Адвокатите на Палчо со уплатница докажуваат дека за време на убиството на Вања тој бил во банка
Со прикажување уплатница од една банка во Скопје адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се обидоа да му прикажат алиби на својот клиент за времето на убиството на Вања.
Адвокатот на Љупчо Палевски покажа уплатница од Халк банка од 27.11.2023, две фотографии, „скриншот“ од „Фејсбук“, „скриншот“ од „Телеграм“, отпусно писмо од „Аџибадем Систина“ од 16.7.2020, ургенција до „Телеком“ од 16.9.2024 година. Тој го повлече барањето до „Улици и патишта“ од 20.8.2024 за движењето на возилото „фиат добло“ бидејќи добиле одговор од јавното претпријатие дека не чуваат записи повеќе од 30 дена. Со ова адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се обидоа да му прикажат алиби на својот клиент за времето на убиството на Вања.
„Баравме запис од надзорните камери на Халк банка од 27.11.2023 за периодот од 10 до 12 часот за да утврдиме кога Палевски влегол во банката. Доставуваме уплатница за извршена уплата од Палевски во 11.40 часот. Палевски двапати се враќал во банката, во експозитурата во Буњаковец, на „Партизански одреди“, поради уплатницата“, рече адвокатот на Палевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

