Македонија
Муцунски на средби со амбасадорите на Шведска и Чешка за продлабочување на економската соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на одвоени средби ги прими амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин, и амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.
На средбата со амбасадорката Ларсон Џеин беа разгледани можностите за продлабочување на билатералната соработка, при што беше истакнато дека односите меѓу двете земји континуирано се зајакнуваат. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на економската соработка и трговските односи, како и на проширувањето на соработката со конкретни проекти и техничка поддршка во рамките на билатералната соработка со Шведската развојна агенција SIDA.
На средбата со амбасадорот Лудва беше поздравена принципиелната и конструктивна улога на Чешка во регионот, како дел од заедничкото европско семејство. Разговорите опфатија и подготовките за Третата сесија на Мешовитиот комитет за економска соработка, која ќе се одржи на 10 и 11 март 2025 година во Прага, а на која македонската страна ќе биде претставена на високо ниво. Оваа редовна сесија ги одразува реалните потенцијали за инвестирање во нашата држава и ги отвора бројните можности за натамошна економска соработка.
Во рамки на двете средби беа разменети мислења за актуелните геополитички случувања и нивното влијание врз стабилноста на регионот. Министерот Муцунски ја истакна силната определба на Владата за продолжување на реформските процеси на патот кон европската интеграција и продлабочување на регионалната соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.