Свет
(Видео) Брутален руски напад врз родниот град на Зеленски, најмалку четворица загинати

Руски сили извршија ракетен напад врз хотел во Криви Рих, регионот Дњепропетровск, при што загинаа четири лица, а најмалку 30 други беа ранети, меѓу кои и едно дете, соопшти гувернерот Серхиј Лисак.
Ракетата го погодила петкатниот хотел околу 22 часот, при што загинал 53-годишен маж. Лисак подоцна потврди дека уште двајца мажи и една жена биле убиени во нападот, додека 43-годишен маж починал во болница следното утро.
The aftermath of the Russian missile attack ok Kryvyi Rih last night. Four people killed, 31 injured.
A hotel, 14 residential buildings, a post office, over a dozen vehicles, 12 shops damaged.
Russia continues terrorizing Ukrainian civilians.
📹: Radio Svoboda https://t.co/uzWsMJ6as4 pic.twitter.com/TT6z4Xyccl
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 6, 2025
Повредени се најмалку 30 лица, меѓу кои и едно дете, а 14 лица се во тешка состојба. Повеќето од ранетите се пренесени во болница, рече Лисак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп

Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
– Иран и Израел треба да постигнат договор – и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп.
Тој додава дека во моментов се одржуваат многу разговори и состаноци.
– Наскоро ќе имаме МИР меѓу Израел и Иран! Работам напорно и никогаш не ги добивам заслугите, но тоа е во ред, луѓето разбираат. Да го направиме блискиот Исток повторно голем“, нагласува Трамп.
Свет
Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да се спречи конфликтот меѓу Израел и Иран да го запали целиот регион.
– Претседателот Ердоган ја поздрави денешната изјава на претседателот Трамп за решавање на конфликтот меѓу Израел и Иран и ја нагласи потребата од итно дејствување за да се спречи катастрофа што би можела да го запали целиот регион, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.
За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, втор во последните 24 часа, „претседателот Ердоган потврди дека спиралата на насилство предизвикана од израелските напади врз Иран предизвика непоправлива економска и цивилна штета на двете страни и дека оваа опасна ескалација треба да се запре“, се додава во соопштението.
Ердоган, исто така, му соопштил на Трамп дека може да ја преземе улогата на медијатор за решавање на конфликтот, откако претходно и рускиот претседател Владимир Путин изрази потготвеност за посредување меѓу Израел и Иран.
Свет
Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и други локации во централен Израел се објавени тревоги, а сирените се огласија и на северот од земјата.
Израелското Министерство за национална безбедност ги повика граѓаните да останат блиску до засолништата и бункерите.
Секое движење на јавни места треба да се сведе на минимум и да се избегнуваат јавни собири. Овие наредби ќе останат во сила додека не се објави ново известување, соопштија израелските власти.
Ова е прв пат од почетокот на конфликтот Иран да изврши дневен напад врз Израел. Досега сите напади беа изведувани во текот на ноќта