Црна хроника
Сообраќајна несреќа на Средно Водно: возило излетало од патот, повредени четири лица
Денеска околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје-Средно Водно, патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од Х.И.Д.(22) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката З.А.(19), а со телесни повреди се здобиле уште две сопатнички Е.А.(18) и А.И.(19), сите од Република Турција, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

