Спорт
Канаѓанец на FBI 10 Most Wanted, САД нуди 10 милиони долари

Американскиот Стејт департмент објави дека нуди награда од 10.000.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на поранешен канадски олимпиец во сноуборд.
ФБИ го стави 43-годишниот Рајан Вединг на својата позната листа „10 најбарани“ за наводно водење на меѓународен синџир за трговија со луѓе и организирање на повеќе убиства поврзани со нарко картели.
Вединг беше на листата на барани лица на ФБИ од октомври, а во тоа време наградата за неговото апсење беше „само“ 500.000 долари.
Помеѓу другите имиња, според ФБИ, Вединг бил познат како „Ел Хефе“, „Државен непријател“ и „Џејмс Конрад Кинг“.
🚨 The #FBI has named Ryan James Wedding to its Ten Most Wanted Fugitives List. Wedding is wanted for his alleged involvement in a large-scale transnational drug trafficking operation and orchestrating multiple murders linked to his criminal enterprise: https://t.co/VD2Z9BLu5F pic.twitter.com/jV1796iMGu
— FBI (@FBI) March 6, 2025
Вединг во јуни беше обвинет за заговор и убиство, а неговата организација, која е е под заштита на озлогласениот картел Синалоа, наводно организирала увоз на 60 тони кокаин од Мексико, Калифорнија, Јужна Калифорнија.
Вединг и претходно беше осуден за трговија со дрога, а во 2010 година беше осуден на четири години затвор. .
Канаѓанецот беше 24-ти во паралелниот велеслалом на Олимписките игри во 2002 година во Солт Лејк Сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Обамејанг шоу против Гамбија – Постигна четири гола и доби црвен картон

Со убедлива победа на гости против Сејшелите, фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се доближија до пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули следната година.
Брегот на Слоновата Коска се први на табелата во групата Ф, попладнево победија со 7:0 против Сејшелите со головите на Сангаре (7-11м), Агбаду (17), Диаките (32), Гесанд (39), Диоманде (55), Адингра (67) и Кеси (90).
„Слоновите“ сега имаат 23 бода, еден повеќе од Габон, кој ја победи Гамбија со 4:3 како гостин во натпревар полн со пресврти. Габон водеше со 1:0 и 2:1, Гамбија направи пресврт на 3:2, но на крајот Габон сепак победи со 4:3.
Сите четири гола за Габон ги постигна ветеранот Пјер-Емерик Обамејанг (20, 42, 62, 78), но беше исклучен во 85-та минута поради втор жолт картон, додека стрелци за Гамбија беа Минтех (23) и Сидибех (45+2, 47).
За четири дена, Брегот на Слоновата Коска ќе има можност да го обезбеди Светското првенство со победа дома против Кенија, додека Габон, со победа против Бурунди, ќе мора да чека кикс на „Слоновите“, за да го обезбеди своето историско прво патување на Светското првенство.
Спорт
Младата репрезентација со пресврт до победа над Ерменија

Младата македонска фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.
Попладнево во Скопје, Македонија ја победи соодветната селекција на Ерменија со 2:1. Херој на победата беше стрелецот на двата гола, Димитар Трајков.
Македонските надежи со пресврт во второто полувреме дојдоа до првите бодови во Е групата. Ерменците имаа предност од 38-та минута кога погоди Ховханисијан.
Пресвртот го режираше напаѓачот на Работнички, Трајков, со головите во 54-та и 83-та минута.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
(Видео) Бразил ја декласира Јужна Кореја

Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул.
Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции.
Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77).
Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат на теренот.
Foto/ EPA