Спорт
Заврев: Играм ужасно, не размислувам дека можам да бидам број 1
Александар Зверев, светскиот број 2, се наоѓа во слободен пад откако во јануари го загуби финалето на Австралија опен.
Зверев на четири турнири по ред доживеа елиминација во раната фаза.
Доцна синоќа на Мастерсот во Индијан Велс, Германецот доживеа елиминацја во второто коло до Талон Грикспур.
Зверев, поради суспензијата на Синер, имаше шанса даго преземе првото место, но по серијата лоши резултати тоа едноставно е невозможно.
„Првично размислував за бројот 1, повеќе не го правам тоа. За да дојдам до таму, морам да победувам на турнири, а јас не го правам тоа. Не можам да го поминам ни второто коло. Играм ужасно”, изјави Зверев.
Се тргна надолу по поразот од Јаник Синер во Мелбурн.
„Не знам, можеби тој пораз има влијание врз моите лоши резултати“, истакна Зверев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Интер со авто-гол во 94-та минута победи во Верона
Фудбалерите на Интер со многу среќа успеаја да победа во Верона, во 10-то коло, во Серија А. На „Бентегоди“, Интер победи со авто-гол во 94-та минута од натпреварот.
Интер ја забележа својата седма победа и се израмни на табелата со Рома на второто место со 21 бод, додека Верона сè уште е без победа, а по петтиот пораз се наоѓа на 18-то место.
Интер, на време го постигна првиот гол, во 16-та минута, Чалханогдлу од корнер го „гаѓаше“ Зјелински на линијата од 16 метри, а Полјакот само го отвори стаполото и ја закова топката во голот.
La sciabolata tesa di #Calhanoglu, la coordinazione di #Zielinski…
POESIA#VeronaInter #InterFans pic.twitter.com/Je1nNn9jYs
— InteЯeverse (@InteReverse_) November 2, 2025
Верона одговори преку младиот Бразилец Џовани во 40-та минута. Во финишот Интер имаше среќа бидејќу ударот на Орбан заврши во стативата.
Во второто полувреме, Интер ја имаше теренската иницијатива, но не успеа да ја претвори во гол. И кога се очекуваше дуелот да заврши 1:1, среќата им се насмевна на фудбалерите на Интер.
Во четвртата минута од судиското продолжение по центаршут, топката го погоди Мартин Фрезе во главата и заврши зад грбот на неговиот голман.
Во следното коло, „нероаѕурите“ ќе го пречекаат Лацио на домашен терен, додека Верона ќе гостува кај Лече.
Спорт
Спалети: Ова е Јувентус, нормално е дека постои притисок
Лучано Спалети со обеда во Крмеона го запошна мандатото на клупата на Јувентус. „Старата дама“ го победи Кремонезе со 2:1, со головите на Костиќ и Камбијасо, стрелец за домашниот тим беше англискиот ветеран Варди.
„Првото полувреме беше добро. Ми се допаѓа начинот на кој се однесувавме, очигледно е дека имаме потенцијал во тимот, па затоа мора брзо да растеме.
Им верувам на групата, на играчите што ги имам. Сепак, постои притисок што го имам затоа што сме Јувентус“, рече Спалети.
„Јуве изгледа како одлична работа, но кога мора да бидете на клупско ниво, тогаш некои луѓе го чувствуваат притисокот. Да речеме дека победата нè става во добра позиција пред почетокот на авантурата“, рече Спалети.
Тој исто така вели дека неговите емоции брзо исчезнале кога почнал натпреварот.
„Не ми е прв пат на клупата, но доаѓам по разочарувачко искуство со националниот тим. Мислам дека сите треба да растеме како група“, рече Спалети.
Спорт
Вулверхемптон го отпушти тренерот
Премиер лигата е позната по ниската толеранција на тренерски грешки, а на крајот од 10-то коло беше објавен четвртиот отказ од почетокот на сезоната. Вулверхемптон во моментов не изгледа како тим што ќе биде во елитата следната сезона, па затоа челниците решија цехот да го плати тренерот.
Витор Переира не издржа ниту една година на позицијата шеф на стручниот штаб на Вулверхемптон, а овој потег на раководството не претставува големо изненадување токму поради формата во која се наоѓа тимот.
Вулвс се последни на табелата и се уште се без победа оваа сезона. Вулверхемптон успеа да освои само два бода во 10 натпревари, има најмалку постигнати и најмногу примени голови, а последната капка беше поразот од 3:0 против Фулам во саботата.
Во декември претходната година, Переира ја презеде тренерската палка од Гари О’Нил, а во 38 натпревари оствари учинок од 14 победи, шест нерешени резултати и 18 порази.
Сè уште не е познато кој ќе биде неговиот наследник, но едно е сигурно, кој и да дојде се соочува со тешка задача.
Португалецот е четвртиот стручњак што е отпуштен оваа сезона, а во прашање се три тима што моментално се наоѓаат во зоната за испаѓање:
Тренери кои беа отпуштени оваа сезона во Премиер лигата
Нуно Еспирито Санто: Нотингем Форест – 8 септември
Греам Потер: Вест Хем – 27 септември
Ангелос Постекоглу: Нотингем Форест – 18 октомври
Витор Переира: Вулверхемптон – 1 ноември

