Контакт

Свет

Фон дер Лајен: Ќе се сретнам со Трамп кога ќе биде вистинското време

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп „кога ќе биде вистинското време“ и најави дека во наредните недели ќе го свика првиот Колеџ за безбедност, кој ќе го сочинуваат сите членови на Европската комисија, со цел редовно да добиваат информации за безбедносните случувања.

dobivaj vesti na viber

На прес-конференција во Брисел, во пресрет на сто дена од нејзиниот втор мандат на чело на Комисијата, Фон дер Лајен најави и презентација на омнибус пакет за поедноставување на правилата и намалување на бирократијата, вклучително и во одбранбениот сектор, како и усвојување законски предлог за враќање на мигрантите.

„Во следните недели ќе го свикам првиот Колеџ за безбедност. Ова ќе обезбеди членовите на Колеџот да добиваат редовни информации за безбедносните случувања, без разлика дали се работи за внатрешна безбедност или надворешна безбедност, но исто така и за енергетика, одбрана, истражување“, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека за колективната безбедност може да се придонесе само ако заканите, вклучително и хибридната закана се „јасно и длабоко разбрани“.

На прашањето дали мисли дека ќе мора да работи на деескалација на односите со САД за време на нејзиниот мандат, како што направи со Кина, Фон дер Лајен одговори дека „јасно е дека не“.

„Тоа е сосема поинаков однос со САД од оној што го имаме со Кина“, нагласи претседателката на ЕК.

Прашана дали работи на средба со Трамп и на констатацијата дека се чини дека САД не брзаат да се сретнат со некој од претставниците на ЕУ, Фон дер Лајен потсети дека првпат се сретнала со Трамп кога тој бил во последната година од неговиот прв мандат, а таа била во првата година од нејзиниот прв мандат.

„Постојат контакти, но мислам дека ќе имаме лична средба кога ќе биде вистинскиот момент“, рече Фон дер Лајен.

Одговарајќи на прашањето дали САД се уште се сојузници на ЕУ по одлуката да ја прекине воената помош за Украина и размената на разузнавачки информации со таа земја, таа посочи дека САД се сојузник во трансатлантската алијанса.

„Од гледна точка на ЕУ, мислам дека тоа е многу силен повик за будење и момент за Европа да ја засили својата одбрана сега и да си ја даде позицијата што ни е потребна“, рече Фон дер Лајен.

Свет

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Објавено пред

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.

dobivaj vesti na viber

Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.

86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Објавено пред

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.

dobivaj vesti na viber

„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.

Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.

Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Објавено пред

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.

Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.

Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.

86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет2 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет5 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет6 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет6 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет7 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет7 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет7 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија8 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет8 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет8 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет11 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија12 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет13 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет17 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет18 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија19 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет19 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет20 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет21 час

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...