Македонија
(Видео) Филипче: Реформската агенда е закопана во место, ниеден закон не е влезен во собраниска процедура
Реформската агенда е закопана во место и ништо не се помрднува, истакна пртседателот на СДСМ и претседавач на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Северна Македонија, Венко Филипче, на денешната седница на советот.
Филипче во обраќањето порача дека голем дел од законите од реформската агенда кои се врзани со рок до јуни 2025 година не се влезени се уште во собраниска процедура.
„До јуни 2025 година треба да се донесат околу 20-тина а закони, а ниту еден од нив не е влезен во собраниска процедура. Тоа се закони најмногу во правосудтсвото, во делот на енергетиката, дигитализацијата и еден закон во областа на културата. Ние може да очекуваме поддршка и треба да очекуваме поддршка и таа поддршка ја добиваме од земјите кои се наши партнери, меѓутоа на крај од денот, најмногу останува на нас што ние тука ќе сработиме дома за да го унапредиме нашиот систем“, рече Филипче.
На седницата, тој посочи дека само со интензивна работа, претприемачки дух и визија може државата да се движи напред и да се зајакнат институциите, нешто што за жал во овој момент како што рече Филипче не е видливо од страна на Владата.
„Сметам дека стравот од некакви тамошни блокади треба конечно да го трансформираме во храброст и сите заедно да смогнеме сили државата да ја бутнеме напред, нема од што да се плашиме. Ако сите заедно кажеме дека нашиот национален консензус е членството во ЕУ конечно треба сите да работиме заедно. На крајот на краишта кога сме сите заедно никој не може да биде од надвор посилен од нас“, порача Филипче на денешаната собраниска седница на Националниот совет за евроинтеграции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Илинден и Кисела Вода
ЕВН извести дека денес без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.25 до 15.30 часот, корисниците од улиците број 10, 513, 517, 529 и 532, како и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Томе Арсовски и ул.474.( општина Кисела Вода )
Македонија
Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово
Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците.
Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19, и двајца роднини на хоспитализираните.
Македонија
Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош
Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со електрична енергија, објави БНТ. Според бугарските медиуми, по проверка на залихите било утврдено дека земјата располага со доволни количини за сопствените потреби и може да ѝ помогне на Македонија во услови на кризна состојба во енергетиката.
Како што пренесува БНТ, понудата била дадена по телефонски разговор меѓу бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев и македонскиот министер Тимчо Муцунски, при што било нагласено дека помошта е израз на добрососедство и солидарност, со цел обезбедување енергетска безбедност и стабилност во регионот.
Од македонската Влада, пак, за Дојче Веле изјавиле дека државата засега не планира да ја прифати понудената помош. Според Владата, Македонија во моментов располага со доволни сопствени капацитети и не се наоѓа во состојба во која би имало потреба од ваков тип надворешна поддршка.
Владата на редовна владина седница донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. Како што информираа, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството.
depositphotos

