Македонија
„Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ, ќе го доставиме предлогот до Собранието и ќе се мобилизираме за протестите“, велат од партијата Левица
„Поради живеењето во раскош и луксуз, Владата на Мицкоски не може да се поистовети со тоа како обичниот работник крпи крај со крај. Власт која троши милиони за храна и алкохол, министри кои со приватни летови одат на партиски прошетки и пратеници кои наплаќаат патни трошоци поголеми од нивната плата – не можат да разберат како работникот преживува во услови на енормно високи сметки и екстремна инфлација секој ден“, велат од партијата Левица.
„Расипничкото водење на државата од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, донесе втора највисока инфлација во регионот од 4,9%, што е помеѓу највисока во Европа, каде просекот е 2.5%. Според ДЗС вкупниот раст на трошоците на живот споредено со 2020 е за неверојатни 44,2%. Минималната потрошувачка кошничка е недостижна за семејства со две минимални плати, што доведува до тоа сѐ повеќе луѓе да живеат во екстремна сиромаштија.
Левица уште еднаш ја повикува Владата да излезе од стегите на своите спонзори и да се соочи со фактот во каква беда живее македонскиот работник! Наместо конфронтации и политички обвинувања, Мицкоски да се поистовети со работниците и да го прифати предлогот на ССМ за 500 евра минимална плата. Во спротивно, Левица најавува спремност да го достави предлогот на ССМ до Собранието, но и да ги поддржи најавените работнички протести на кои единствено барање е достоинствен живот.
Воедно, го повикуваме владејачкото мнозинство да ги поддржи предлог-законите на пратеничката група на Левица за воведување на патни трошоци за работниците, исплаќање на плата најдоцна до петти наредниот месец, зголемување на породилното отсуство, како и намалување на цените на патарините за 50%, кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на животот на работниците.
Владата да престане да глуми медијатор помеѓу работниците и поседниците на капитал, затоа што нејзина должност е да обезбеди гарант за егзистенција и достоинствен живот за работниците“, соопштуваат од партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги објави документите или да одговори од каде 500 илјади долари за златна виза во Дубаи и инвестиции
Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на висококатница во Дубаи. Но со тоа, пак, потврди дека Заев сепак таму гради зграда висока 42 ката, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку допис до медиумите.
„После оваа јавна потврда, во јавноста се јавуваат нови дилеми, на кои Филипче треба да даде одговори, како на пример, како дошол до златната виза за Дубаи.
Кога пред извесно време во јавноста се појави темата со златна виза на Филипче за Дубаи, тој се правдаше дека истата ја стекнал поради работен ангажман додека бил во напредни преговори и разговори со некоја тамошна болница.
Тој отиде до таму за што тврдеше и дека сето ова е така и со докази и документи ќе го докажел.
Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага, бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите.
Но, до ден денес, Филипче не покажува документи за некаков договор или преговори за работена ангажман со некоја тамошна болница. Тоа е така, најверојатно, поради тоа што таквите документи, очигледно, ги нема.
Од друга страна имаме сведоштво на Тома Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, кој рече дека ја видел 42-катницата која тој ја гради и дека бил во зградата во која Заев и Филипче имаат станови.
Но, Филипче како што не објави документи за разговори за работен ангажман, така не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златна виза.
Колку за потсетување на македонската јавност, за да се здобиете со златна виза, во Дубаи треба да се има минимум инвестиција од 500.000 долари, но до оваа сума на пари не се стигнува со докторска и пратеничка плата.
Затоа, Филипче да не молчи, кога веќе не објавува документи за наводен работен ангажман, туку да одговори дали златната виза е поради влог во Дубаи од минимум 500.000 долари и на кој начин ги има тој заработено овие пари?
А ваквото темно минато создадено од двоецот Заев-Филипче треба да остане таму кај што му е местото, во минатото, а не да сака да ја предводи иднината на државата“, се вели во соопштението.
Македонија
Сончево време со температура до 10 степени
Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Македонија
СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на партијата одвнатре ќе бидат спречени
ВМРО активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре, тврди опозициската партија преку соопштение.
Целиот план, како што се додава, бил осмислен пред две недели, кога власта сфатила дека ја губи поддршката на граѓаните по сознанијата за мигранти за пари и по отворањето на криминално-корупциските афери на највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ.
„Активностите на СДСМ ги принудија предвреме да го активираат овој план. ВМРО мислеше дека ќе нè ослабат и ќе нè замолчат, ама се излажаа. Првиот обид за дестабилизација беше целосно разоткриен и пропадна. Сега сме посилни.
Јован Деспотовски вчера не се ни обиде да ја демантира соработката со ВМРО, ниту пак координираните текстови со Героски туку објасни дека бил „умерен“ во предавството.
Сега на сите им е јасно кој внесуваше немир во нашите редови – ВМРО, и на сите им е јасно дека обидите за уривање на СДСМ ќе бидат спречени.
СДСМ секогаш била и сè уште е партија со дијалог во рамки на партијата, по тоа сме препознатливи, но нема да дозволиме сценарија на ВМРО за делење и уривање на СДСМ одвнатре.
Нема да нè замолчите. Нема да престанеме со објавувањето на криминалот и корупцијата.
Сите ќе одговарате!
Работата не е завршена“, се вели во соопштението на СДСМ.

