Црна хроника
Кривични пријави за убиството на паркингот во Чаир: инволвирани повеќе лица

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Б.Б.(39), А.Д.(34), Б.А.(30), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Н.Д.(22) и А.Д.(23), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „убиство“, против Н.Г.(39) и К.Т.(28), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“.
На 10.02.2025 во Скопје на паркинг простор на подрачје на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу Х.Б.(35), второ, трето и седмопријавениот, од една страна и прво, четврто, петто и шестопријавениот и Н.М.(31), од друга страна, која преминала во вооружена престрелка, во која првопријавениот со пиштол испукал неколку проектили и ги погодил Н.Д. и Х.Б.. Од здобиените повреди, Х.Б. починал на место.
По ова, четвртопријавениот и третопријавениот со пиштол започнале неконтролирано да пукаат, при што третопријавениот се здобил со повреди, а од проектилите биле оштетени и неколку паркирани возила.
Потоа, второпријавениот со друго лице го однеле починатиот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а останатите пријавени се обиделе да ги скријат трагите, оружјата и возилата.
Набргу по пријавување на настанот, по преземени мерки од слобода биле лишени учесниците во настанот, додека по негово целосно документирање е поднесена пријавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот