Свет
Шефот на руското разузнавање разговарал со директорот на ЦИА

Шефот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин синоќа остварил телефонски разговор со директорот на американската ЦИА Џон Ретклиф, јави денеска руската агенција Интерфакс.
Тие разговараа за соработката меѓу нивните разузнавачки агенции и кризниот менаџмент, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ е префрлен во Военомедицинската академија во Белград, се испитува од што му се слошило

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, пренесуваат неофицијално српските медиуми.
Претседателот беше пречекан на ВМА од министерот за здравство Златибор Лончар.
На претседателот на Србија ненадејно му се слошило за време на посетата на САД, по што побара медицинска помош и по прегледот одлучи да се врати во Србија. Поради ова, претседателот на Србија не се појави на главните настани за кои дојде во САД.
Според информациите на Танјуг, на Вучиќ му се слошило во раните попладневни часови по локално време. Во тој момент, во просторијата со претседателот Вучиќ, подготвувајќи се за состаноците, биле министерот за финансии Синиша Мали и советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ.
Канцеларијата на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста за што точно станува збор во наредните денови.
Свет
Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Владимир Путин за 9 мај. Зеленски, како што објави „Униан“, инсистира на 30-дневен прекин на огнот.
Тој истакна дека „Украина не може да ја гарантира безбедноста на светските лидери во Москва на 9 мај“.
За време на разговорот со новинарите, претседателот на Украина изјави дека „не сака да си игра со кратките примирја предложени од Путин“.
Според него, моделот на примирје од 30 дена е најоптимален, бидејќи е невозможно да се договори нешто за неколку дена.
„Се согласувам со Трамп дека 30-дневното примирје со Русија е вистинскиот прв чекор“, рече претседателот на Украина.
Свет
Загина жена при експлозија во Солун

Во експлозија на бомба што рано утрово се случи во центарот на Солун, животот го загуби 38-годишна жена, Како што пренесуваат грчките медиуми, жената веројатно загинала додека го пренесувала експлозивниот механизам.
Експлозијата се случи околу 5.30 часот утрово, предизвика штета на излозите на соседните продавници, како и на возилата паркирани во близина.
Очевидци за грчките медиуми рекоа дека експлозијата била многу силна.