Свет
Лавров: „Фирерот“ Урсула ја вооружува Европа за војна против Русија
Москва во никој случај нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировни сили, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, додавајќи дека Европа и Велика Британија сакаат конфликтот во Украина да продолжи. Според него, тие сакаат да ги подигнат влоговите и подготвуваат нешто што ќе го принуди Вашингтон да преземе агресивна акција против Русија.
„Начинот на кој го примија Володомир Зеленски во Лондон по скандалот во Вашингтон покажува дека тие сакаат да ги зголемат влоговите и подготвуваат нешто што ќе ја поттикне администрацијата на Трамп да преземе агресивни акции против Русија“, објасни Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја нарече Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, „фирер“ бидејќи таа ја мобилизира Европа за ремилитаризација.
„Ситуацијата се промени кога украинскиот режим го вклучи членството во НАТО во уставот, а ги задржа гаранциите за националните малцинства. Тие порачаа дека НАТО и ЕУ се иднината на Украина. Кога првпат почнаа да зборуваат за тоа, Европската Унија сè уште имаше некаков привид на економска заедница, но сега целосно ја изгуби таа карактеристика. ‘Фирерот’ Урсула ги мобилизира сите да ја ремилитаризира Европа“, рече Лавров во интервју за американските блогери Марио Науфал, Лери Џонсон и Ендрју Наполитано.
Тој додаде дека Трамп претходно потврдил оти една од главните причини за конфликтот во Украина е проширувањето на НАТО, што создаде закана за безбедноста на Русија.
„Важноста на Украина за безбедноста на Русија е многукратно поголема од важноста на Гренланд за безбедноста на САД. Веќе спомнав искоренување на рускиот јазик, медиумите, културата, забраната за работа на опозициските партии, некои опозициски медиуми, иако пишуваат и емитуваат на украински јазик, исчезнувањето и убиствата на новинари, без да зборувам за злосторствата во Донбас веднаш по пучот“, истакна Лавров.
Секој обид за приближување до решавање на кризата во Украина мора да биде насочен кон искоренување на нејзините основни причини, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Според него, САД имаат намера да им го отстапат лидерството на Британците во форматот „Рамштајн“, кој го формираа група западни земји за да ја координираат испораката на оружје за Украина.
„НАТО одигра клучна улога во форматот ‘Рамштајн’ предводен од САД за време на мандатот на Џо Бајден. Сега, колку што разбрав, Американците сакаат да им го предадат на Британците“, оцени Лавров и предупреди дека „Европјаните не престануваат со напорите“ да ја пумпаат Украина со оружје.
Напротив, го зголемуваат и бараат сѐ поголема поддршка, стануваат поупорни и би рекол понервозни“, потенцира Лавров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

