Македонија
Мицкоски: Сертификацијата на Центарот за обуки значи потврда за напорната работа и остварување на визијата за полицискиот и образовниот систем
„Навистина исклучително значаен настан за Министерството за внатрешни работи, најголемиот дел од спецификите поврзани со овој објект веќе ги слушнавте и од Нејзината екселенција амбасадорката и од министерот за внатрешни работи, мене само ми останува да посакам успешна обука и успешно користење на овој објект на генерациите коишто ќе го користат“, вели премиерот Мицкоски.
„Да се заблагодарам лично на Нејзината екселенција амбасадорката Анџела Агелер за нејзината лична поддршка и помош при реализацијата на овој проект, да му се заблагодарам на министерот Панче Тошковски којшто заедно со својот тим и соработниците се вложија несебично да овој објект изгледа како што изгледа. Владеењето на правото, безбедноста на граѓаните е темелна уставна вредност и Владата има за задача, обврска, но и цел да ја почитува оваа темелна вредност и сето она коешто се случуваше, но и она што ќе се случува во периодот којшто следи подразбира бескомпромисна борба против криминал и корупцијата, нешто коешто го очекуваат граѓаните од нас и од оваа Влада, а нешто коешто за жал не беше случај во минатото кога најголемиот дел од нашите сограѓани се чувствуваа како граѓани од втор ред, а една мала група којашто беше тесно поврзана со коалицијата на власт, СДСМ-ДУИ беа граѓани од прв ред. Сега нема привилегирање борбата против криминалот и корупцијата е безмилосна и така и ќе продолжи. Мораме да покажеме дека е не исплатливо да се занимавате со криминал и корупција во оваа држава“, посочи премиерот Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

