Спорт
(Видео) Атлетико се жалеше – УЕФА се огласи со соопштение за спорниот пенал

Ден по натпреварот и контроверзната победа на Реал на пенали над Атлетико, поразениот тим бара објаснување од УЕФА за одлуката на судијата да го поништи голот на Алварез во пенал рулетот.
Навистина тешко е да се утврди дали левата нога на Аргентинецот ја допре топката пред ударот, што, кога се во прашање пеналите, е недозволена акција, таканаречен „двоен контакт“. ВАР го кажа своето – Алварез ја допрел топката, а судијата Симон Марчинијак го поништи неговиот гол.
Победата му припадна на Реал Мадрид, но „горчливиот вкус“ остана кај љубителите на фудбалот и гневот кај навивачите на поразениот тим…
Атлетико не се помири со овој епилог, па цел ден е на „жешка линија“ со УЕФА, барајќи објаснување за спорната ситуација, која беше пресудна за исходот на натпреварот.
„Јорганџиите“ се убедени дека ниту еден агол од сите можни снимки од пеналот на Алварез не покажува дека Аргентинецот ја допирал топката со ногата на која се потпрел пред ударот.
На ниту една снимка не се гледа како топката се движи, што секако ќе се случеше доколку имаше контакт. Токму тоа е деталот што Атлетико го истакна во комуникацијата со УЕФА ден по натпреварот.
Во Атлетико, пишуваат понатаму Шпанците, речиси има гнев бидејќи ден подоцна се уште се убедени дека голот на Алварез е неправедно поништен. И по „малку повеќе од милион“ прегледи на видеото од спорната ситуација, се убедени дека се во право.
„Иако контактот е минимален, играчот имаше контакт со топката користејќи го стопалото пред да шутне кон голот со другата нога, како што се гледа на приложеното видео.
Според правилата (Закони на играта, правило 14.1), ВАР просторијата го повика судијата и му сигнализираше дека голот треба да биде поништен.
УЕФА ќе иницира разговори со ФИФА и ИФАБ за да се разгледа дали ова правило треба да се дополни и измени за да ги покрие случаите кога двојниот контакт со топката е ненамерен“, соопшти УЕФА.
⁉️💥 ¿Está bien anulado el penalti de Julián Álvarez?
✅ 𝗦𝗜.
👉🏻 Existe un toque mínimo y casi imperceptible que, de una forma muy leve, mueve el balón antes del golpeo del argentino.
▪️Intervención dificilísima pero pluscuamperfecta de Tomasz Kwiatkowski desde el VAR. pic.twitter.com/z2OKtPVrry
— Archivo VAR (@ArchivoVAR) March 12, 2025
Aquí una mejor toma del polémico penal de Julián Álvarez.
Toca el balón dos veces??
pic.twitter.com/VAyoETd9lV— Antonio de Valdés (@adevaldes) March 13, 2025
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) March 13, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Заем со право на откуп – Родриго ќе заврши во Тотенхем

Според британските и шпанските медиуми, Тотенхем е блиску до договор со Реал Мадрид за позајмицата на Родриго.
На „Сантијаго Бернабеу“ го прифатиле моделот на позајмица со можност за откуп, а останува да се договори кој колку од платата ќе покрие и согласноста на играчот.
Клубовите се во постојан контакт за позајмица со опција за откуп, а Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити претходно покажаа интерес за Бразилецот.
Родриго е во втор план кај новиот тренер Чаби Алонсо што отвори простор за излезен трансфер.
Како што се приближува крајот на преодниот рок, се очекува преговорите да се забрзаат, а исходот ќе зависи од условите на позајмицата и одлуката на самиот играч.
Според „Tрансфермаркт“, Родриго вреди 90 милиони евра. Тој е бразилски репрезентативец и има 24 години.
Foto/ EPA/Mariscal
Спорт
Виљареал и Барселона нема да играат во Мајами

Планот на првиот човек на ла Лига, Хавиер Тебас, натпревар од шпанското првенство да се игра во Мајами и четврти пат нема да биде успешен.
Проектот за играње на натпреварот во Мајами се соочи со критики од фудбалерите, отворениот отпор на Реал Мадрид, кој ги охрабри и другите клубови, и неочекуваната интервенција на Високиот спортски совет (CSD).
„Патот до Мајами, се чини, ќе биде сè само нема да биде лесен“, пишува „as.com“.
„Во Ла Лига, веројатно се надеваа дека „оваа сезона е сезона“, таргетирајќи го Мајами како место за натпреварот од 17-то коло помеѓу Виљареал и Барселона, закажан за 20 декември. Тоа беше план да се освои северноамериканскиот пазар во битка со Премиер лигата, по примерот на НФЛ и НБА“.
Претходните обиди (Џирона-Барса 2018/19, Виљареал-Атлетико 2019/20 и Барса-Атлетико 2024/25) не успеаја поради отпорот на Луис Рубиалес, неповолните правила на ФИФА и недостатокот на време. Овој пат нема такви пречки, но се појавија нови, подеднакво проблематични.
Високиот спортски совет (CSD) првично сметаше дека не треба да се меша, верувајќи дека нивната надлежност е потребна само кога меѓународните натпревари се играат во Шпанија.
Но, писмото на Реал Мадрид го принуди спортскиот оддел на Владата детално да го проучи случајот. Покрај тоа, Мигел Анхел Галан, познат во фудбалските кругови, објави дека ќе ја пријави Ла Лига до Спортскиот суд, ако го однесат натпреварот во САД без одобрение од Владата, што дополнително го комплицира спроведувањето на „Планот Мајами“.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Алкараз полуде, Ју-ес опен му го снимаше тренингот

Карлос Алкараз (22), вториот тенисер во светот, се налути за време на тренингот пред почетокот на Отвореното првенство на САД.
Победникот на американскиот Гренд слем се налути многу кога виде дека на трибините се инсталирани камери. Од моментот кога влезе на теренот каде што тренираше, се залеше и покажуваше кон нив.
Потоа, по тренингот, ги повика организаторите и ги обвини што дозволиле поставување камери.
Тениските инсајдери наведуваат дека главната причина за гневот на Алкараз е тоа што тренинзите од трибините се снимаат со камери со микрофони.
Тоа значи дека снимките можат да ги користат потенцијалните противници на шпанскиот тенисер откако ќе видат како се подготвува и игра, и откако ќе ги слушнат договорите на Алкараз за тактиките со неговито тим.
Carlos Alcaraz doesn't seem to be a fan of the practice cams
I get it. Why are there microphones on them? Doesn't that make it possible for potential opponents to hear tactics being discussed in certain areas?
It's already invasive, turn the mics off.pic.twitter.com/yn2qEJWX7n
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) August 22, 2025