Црна хроника
Беровец од погребално претпријатие пријавен дека во депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, МВР го расчистува случајот

Пред два дена во полицијата во Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општината како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од градските гробишта во Берово.
„Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна машина багер од јавното претпријатие за комунални работи во Берово, било извршено пребарување на посоченото место и на пошироката околина, но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, туку биле пронајдени само остатоци од градежен шут и остатоци од отпад.
По дополнително преземени мерки и по извршени разговори во ОВР Берово било дојдено до сознание дека лиценцираниот извршител на погребални услуги во повеќе наврати вршел ископување на стари гробови и ги фрлал остатоците од починатите лица на друга локација. Додека, подоцна, по овластување на јавен обвинител, бил извршен увид на гробиштата во селото Смојмирово и на удолницата на јужната страна биле пронајдени пет коски кои наликуваат на коски од човек“, велат од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20) сите од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес.
Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Маж од Австралија пронајден починат во хотелска соба во Битола

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С.(69) од Австралија.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Топ
Битолчанец се удавил во водите на Охридското езеро

Вчера во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од Битола.
Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на давење во вода.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на Јавен обвинител по извршената обдукција телото е предадено на семејството.