Свет
Маќеа држела маж во заробеништво во САД повеќе од 20 години: ја запалил куќата за да избега
На 17 февруари службите за итни случаи одговорија на извештај за пожар во куќа во Вотербери, Конектикат, јавува Си-Ен-Ен. Таму нашле жена и нејзиниот 32-годишен посинок.
Маќеата, идентификувана од полицијата како Кимберли Саливан, успеала безбедно да излезе од куќата, а на човекот му била потребна помош. Набрзо во полиција признал дека ја запалил куќата и дека тоа го направил намерно. Имено, тој по речиси две децении ја сакал својата слобода, изјавил тој во полиција.
Налогот за апсење на неговата маќеа опишува живот исполнет со заробеништво, злоупотреба и гладување.
„Во 33 години спроведување на законот, ова е најлошиот случај на нехумано постапување што некогаш сум го видел“, изјави началникот на полицијата во Вотербери, Фред Спањоло на прес-конференција. „Сè уште е тешко да се зборува за тоа“, додаде тој.
Кимберли Саливан (56) е уапсена завчера и се соочува со обвиненија, вклучувајќи напад, киднапирање и суровост, соопшти полицијата. „Наводите апсолутно не се точни“, рече нејзиниот адвокат Јоанис Калоидис. „Посинокот не бил заклучен во собата. Таа на никаков начин не го задржувала. Му дала храна, му дала покрив над главата. Таа е запрепастена од овие обвинувања”, рекол тој.
Според полициските документи, се започнало пред околу 20 години. Засега неименуваниот маж се сеќава како бил гладен веќе во раните години од својот живот и ноќе се прикрадувал од својата соба барајќи нешто да јаде и пие, се вели во записникот. Веќе во четврто одделение основно училиште почнал да краде храна или да ја вади од ѓубре.
Откако татко му и маќеата ги пронашле обвивките од украдената храна, почнале да го заклучуваат во собата. Со текот на времето, неговата маќеа трајно го избркала од училиште и му дозволувала да излегува само да ги извршува домашните работи, велат од полицијата.
Не смеел да има пријатели, и рекол на полицијата, а последен пат кога имал 12 години отишол да собира бонбони за Ноќта на вештерките. Неговите полусестри имале пријатели, но не смееле никого да донесат во куќата. „Цел живот сум тајна“, рекол тој на полицијата.
Според поднесокот, училиштето го пријавило случајот во државниот Оддел за деца и семејства. Момчето беше официјално избркано од училиштето во 2004 година, според началникот на училиштата во Вотербери, Дарен Шварц. Полицијата во 2004 година двапати го посетила нивниот дом, откако други деца пријавиле дека долго време не го виделе.
„Тогаш полицајците разговараа со детето и немаше индикации дека нешто се случува во куќата“, рече Спањоло.
„Испративме офицер да го провери домот. Тој разговараше со детето и пријави дека се е во ред“, изјави градоначалникот на Вотербери, Пол К. „После тоа, случајот едноставно исчезна од системот и никој повеќе не обрна внимание на тоа“, додаде тој. Одделот за деца и семејства во Конектикат изрази шокираност и тага поради жртвата и неискажливите услови што ги претрпе, се вели во соопштението.
Тие темелно ги пребараа нивните бази на податоци, но не најдоа податоци за семејството, велат тие. „Според државните регулативи, извештаите за занемарување и злоупотреба кои биле истражени и неосновани се бришат пет години по завршувањето на истрагата“, велат тие.
Кога имал околу 15 години, еднаш татко му го извадил да го фрли ѓубрето, пишува во документите. Тоа беше последен пат кога го напушти имотот. Иако повремено му дозволувале да ја напушти собата на кратко, остатокот од времето го поминувал затворен внатре. Тој бил принуден да врши нужда во шише и со слама да ја исфрли урината низ дупка во рамката на прозорецот.
Не се осмелувал да го отвори прозорецот, рече Спањоло, бидејќи се плашел од одмазда. Човекот во полиција изјавил дека се плаши дека ќе биде затворен уште подолго и дека дополнително ќе му се намалат оброците. Саливан му рекол дека никој не смее да знае дека постои или таа ќе го убие.
И другите членови на семејството се плашеле од одмазда, изјави началникот на полицијата Фред Спањоло, па затоа не му помогнале.
Вујкото со години доаѓал на гости на Бадник, но семејството на крајот го одбивало. Тој рече дека не го видел момчето од 2004 или 2005 година. Пред десетина години, загрижен за неговото исчезнување, тој се консултирал со приватен истражител кој му предложил да провери дали има посмртница.
Човекот и рекол на полицијата дека неговиот единствен прозорец кон светот било радиото кое му помагало да ги следи годините што минуваат. Добивал три или четири книги годишно и користел речник за да научи непознати зборови.
Како што растел, на вратата од неговата соба биле додадени нови брави. „Катанците се чини дека стануваа сè покомплексни како што тој стануваше посилен“, изјави Спањоло за новинарите.
Во јануари 2024 година починал таткото на жртвата, кој долго време бил во инвалидска количка, а затворската казна после тоа станала уште построга.
Пред околу една година пронашол запалка во јакна што му припаѓала на неговиот покоен татко и со неа на 19 февруари подметнал пожар, со помош на хартија и средство за дезинфекција на рацете. Неговата маќеа тврди дека приказната е поинаква. „Кимберли Саливан е невина додека не се докаже вината на суд“, рекол нејзиниот адвокат и таа одбила да разговара со полицијата.
Таа беше ослободена со кауција од 300.000 долари, според судските записи во округот Вотербери. Треба да се врати на суд на 26 март. Нејзиниот правен тим планира да се изјасни за невина, рече Џејсон Шпилка, нејзиниот втор адвокат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати
Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на пистата во Северна Каролина и се запали, објави „Дејли меил“.
Breaking: Multiple deaths after a plane crash at Statesville Regional Airport in North Carolina. WSOC, a local news channel, reports that NASCAR driver Greg Biffle owns the plane, although it is unclear if he was on board. pic.twitter.com/nzZMhSg1Tm
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) December 18, 2025
Несреќата се случила околу 10:15 часот по локално време кога авионот се урна во близина на пистата на регионалниот аеродром Стејтсвил. Снимките од местото на настанот покажаа густ црн чад како се издига од остатоците од авионот, кој беше целосно зафатен од пламен.
Канцеларијата на шерифот на округот Иредел потврди дека повеќе лица загинале во несреќата, но не даде точен број. Тие рекоа дека повеќе информации за жртвите ќе објави полицијата на Северна Каролина. Сè уште не е познато колку луѓе биле во авионот, кој вообичаено има капацитет од осум до десет патници.
Регион
(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана
Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а сето тоа поради спор околу корупцијата во владата, објави The Telegraph.
Драматични сцени од Тирана покажуваат како чад се шири низ салата додека пратениците се туркаат, а безбедносните сили се обидуваат да воспостават ред. Инцидентот е кулминација на неколкунеделните тензии во кои опозицијата ја обвини владата дека ги игнорира барањата за истрага за корупциските скандали што ја потресоа земјата.
🚨🇦🇱🔥‼️ BREAKING | FLARES IN PARLIAMENT: ALBANIA’S DEMOCRACY COLLAPSES LIVE ON CAMERA 🚨
What you are seeing is not a protest.
It is not “political theatre.”
It is a full institutional breakdown.Inside the Albanian Parliament, opposition MPs ignited flares, physically blocked… pic.twitter.com/OQvVXgGP1d
— Slavic Networks (@SlavicNetworks) December 18, 2025
Корупцијата е клучно политичко и социјално прашање во Албанија со години, а меѓународните институции и организации редовно предупредуваат за проблеми во судството, јавната администрација и системот за јавни набавки. И покрај реформите што официјално се започнати, особено во судството со поддршка на Европската Унија и САД, перцепцијата за широко распространета корупција останува силна кај јавноста.
Случаите во кои се вклучени високи државни функционери, градоначалници и луѓе блиски до владејачките структури привлекоа особено внимание, дополнително поткопувајќи ја довербата на граѓаните во институциите и политичкиот систем.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.

