Спорт
(Видео) Халанд влезе во историјата на премиер лигата, Сити се сопна против Брајтон

Манчестер сити по ремито со Брајтон (2.2), полека го губи чекорот во борбата за четвртото место. Сити остана на петтото место со 48 бода, еден повеќе од „Њукасл (натпревар помалку) и Брајтон.
Првиот гол на натпреварот одигран на „Етихад“, во Манчестер во 11. минута го постигна Ерлинг Халанд. Норвежанецот успешно го реализира пеналот и на тој начин му донесе водство на својот тим. Набргу по тој гол, Еступинан погоди од слободен удар на другата страна, израмнувајќи го резултатот на 1:1. Во 39. минута Омар Мармуш повторно погоди за Сити, а на почетокот на вториот дел Абдукодир Хусанов си постигна автогол со што го постави конечниот резултат.
голот што го постигна во 11.минута влезе во историјата на Премиер лигата. Стана играч на кого му били потребни најмалку натпревари кој достигнал 100 гола и асистенции.
Норвежанецот, играјќи за Сити, го постигна овој подвиг во 94 натпревари, шест помалку отколку што му требаше на претходниот рекордер Алан Ширер. Зад Халанд останаа и големи имиња како Ерик Кантона, Мохамед Салах, Серхио Агуеро и Тиери Анри.
Erling Haaland makes more Premier League history 👏
His goal against Brighton gets him to 100 goals and assists faster than any other player! pic.twitter.com/8B9RnGlR9x
— Premier League (@premierleague) March 15, 2025
Резултати:
Евертон- Вест Хем 1:1
Ипсвич-Нотингем Форест 2:4
Саутемптон-Вулверхемптон 1:2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Стојковиќ: Одговорноста за поразот од Албанија е само моја

Фудбалската репрезентација на Србија доживеа пораз од Албанија со 0-1 во Лесковац, сериозно загрозувајќи ги шансите за пласман на Светското првенство. Навивачите на трибините скандираа „Пикси, оди си“, а селекторот Драган Стојковиќ ја прифати одговорноста.
„Јас сум виновен, јас сум предводник на селекцијата и ја преземам целата одговорност. Апелирам да не ги критикувате фудбалерите, вината е целосно моја. Ни на крај не ни доаѓаше во мислите дека ќе го загубиме мечот од Албанија. Примивме гол по прекин на играта, во второто полувреме се обидовме да израмниме, но не успеавме. Албанија беше добро организирана во одбраната“, изјави Стојковиќ по мечот.
Следен натпревар за Србија е против Андора, но останува неизвесно дали Стојковиќ ќе остане на селекторската позиција.
Спорт
ВИДЕО: Албанците ја шокираа Србија во Лесковац, Португалците славеа и покрај промашениот пенал на Роналдо

Фудбалската репрезентација на Албанија изненади на гостувањето кај Србија во Лесковац, славејќи со 0-1. Голот за гостите го постигна Реј Манај во завршните моменти на првото полувреме, додека тимот на Драган Стојковиќ – Пикси одигра под очекувањата. Сега на Србија сериозно и е загрозен пласманот на Светското првенство во 2026 година.
🚨 Rey Manaj 45′ +1
World Cup Qualification | 🏆 Serbia 0-1 Albaniapic.twitter.com/VHmftaAMia
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 11, 2025
Кристијано Роналдо промаши пенал за Португалија, но тоа не ја загрози победата на неговиот тим, кој со голот на Рубен Невеш во 90-тата минута го освои триумфот.
Турција ја декласираше Бугарија на гости со 1-6, додека Италија славеше против Естонија со 1-3. Шпанија на домашен терен го победи Грузија со 2-0, благодарение на головите на Пино и Ојаразбал, додека Феран Торес промаши пенал.
Спорт
Александар Стојанов замина од тренерската позиција во Беласица

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица ќе ја продолжи сезоната со нов тренер. Александар Стојанов поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб по двата последовни порази на струмичкиот второлигаш.
Тимот имаше одличен почеток на сезоната – пет победи и едно реми во првите шест кола. Сепак, неуспесите против Осогово и Шкендија Арачиново ја променија ситуацијата.
„Во спортот победите и поразите одат заедно. По два порази по ред ја преземам целата одговорност. Дадов сè од себе за клубот, но кога не оди – време е да се направи чекор назад“, рече Стојанов по оставката.
Иако Беласица има најдобар старт во последните години, тимот ќе мора да продолжи без својот досегашен стратег. Клубот во следните денови ќе го објави името на новиот тренер.