Македонија
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека е почната од 5 обвинители
Државниот обвинител Љупчо Коцевски утринава по состанокот со колегите од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани и со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, формирал тим од 5 обвинители кои ќе ја водат истрагата за денешната голема трагедијата кога во пожар во локалната дискотека „Пулс“ загинаа 51 млади луѓе, а 118 се повредени.
„Првичните сознанија се такви, дека пожарот настанал од пиротехнички материјали, но во моментов не можеме да повеќе да кажеме. Во моментов ништо не можеме да ви кажеме и работат 5 јавни обвинители, целиот капацитет е спремен. Првични сознанија ќе има кога ќе заврши увидот. Увидот нема рок ќе трае се додека не биде завршен“, рече обвинителот Коцевски.
Изрази длабоко сочувство, најави брза и целосна истрага со вештаци од сите области. Не можеше да каже точна бројка за лицата кои се приведени на разговор.
Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош.
Распределба на хоспитализираните пациенти:
Детска хирургија – 4
Клиника за пластична хирургија – 11
Клиничка болница Штип – 45
Општа болница Кочани – 30
Св. Наум Охридски – 29
8 Септември – 17
КАРИЛ – 16
Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба:
Детска хирургија – 3
КАРИЛ – 7
Градска општа болница – 5
Стара Градска – 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

