Македонија
Тошковски: 59 загинати, 155 повредени во пожарот во дискотека во Кочани

59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотека во Кочани. Повредени се 155 лица, изјави пред малку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Од загинатите идентификувани 35 лица, од кои 31 се од Кочани и 4 од Штип.
„Досега се извршени разговори со 10 хоспитализирани лица, со еден член од групата ДНК. Распишана е централна потерница по четири лица. Се испитува и документацијата за дозволите на дискотеката од Министерството за економија“, изјави Тошковски и додаде дека меѓу загинатите бил и еден полицаец кој вршел контрола за евентуално откривање на дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сопственици на апартмани во Солун и Неа Каликратија во Грција им понудија бесплатно сместување на родителите на повредните пренесени на лекување во Солун

Сопственици на апартмани во Грција им понудија бесплатно сместување на родителите чии деца се пренесени на лекување во Солун. На социјалните мрежи тие споделуваат телефонски броеви на кои може да се јават родителите и роднините на повредените деца за да побараат сместување. Понуденено е сместување во Неа Каликратија, оддалечена триесеттина километри од Солун и во Солун.
Попладнево министерот за здравство Арбен Таравари извести дека на лекување во Солун се испратени тројца повредени во пожарот во дискотеката во Кочани.
На лекување во странство се испратени вкупно 47 пациенти. Покрај тројцата во Солун, 14 повредени се испратени во Бугарија, од кои во Софија се осуммина, во Пловдив се тројца и во Варна се упте тројца. Во Белград е испратен еден пациент, во Ниш еден, во Истанбул тројца пациенти, а со авион најави дека вечерва ќе одат уште шестмина. Договорено беше вечерва четворица пациенти да бидат пренесени во Хрватска и уште 15 во Белград.
Македонија
Медицински експерти од Израел на пат за Македонија за да помогнат по трагедијата во Кочани

Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар го информирал шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски дека израелски медицински експерти патуваат во земјава за да помогнат.
Во објава на Икс, Саар исто така изразува сочувство за страшната трагедија во која загинаа повеќе од 50 лица, а десетици беа повредени во пожарот.
„Израел стои зад Северна Македонија во овие тешки моменти“, се наведува во неговата објава на платформата Икс, каде што беа објавени и знамињата на Израел и Северна Македонија.
Муцунски му се заблагодари на Саар преку објава на X, истакнувајќи: „Во овие тешки моменти, солидарноста на нашите партнери и пријатели е навистина непроценлива за нас“.
Македонија
Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки што неправедно ги изгубивме, вели Меџити

Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, положивме цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани, напиша на социјалните мрежи Изет Меџити првиот вицепремиер и министер за животна средина по трагедијата во Кочани.
„Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки што неправедно ги изгубивме. Нашите молитви и мисли се со семејствата на жртвите и повредените. Тие не се сами во оваа болка! Ние сме заедно“ објави на фејсбук Меџити.