Македонија
Таравари: Вкупно 47 пациенти ќе се лекуваат надвор од државата

Сите пациенти што се згрижени во болниците во државата се стабилни и во добра состојба. Од тие 20 критични и средно-критични некои се испратени надвор од државата, извести министерот за здравство, Арбен Таравари.
„На Кличички центар се 25 пациенти сите надвор од животна опасност, Градска болница 24, сите надвор од животна опасност и во „8 Септември“, се е под контрола, сите се во добра состојба. Во Штип се 29 пациенти, во Кочани само 13 пациенти. И во двете болници пациентите се во стабилна и добра состојба, дури некои во домашно лекување. Вкупно се 115 пациенти што се лекуваат во нашите болници. Во Солун се испратени тројца пациенти, во Бугарија 14 пациенти, од кои во Софија се осум, во Пловдив се три и во Варна се тројца пациенти. Во Белград е еден пациент, во Ниш еден, во Истанбул тројца пациенти веќе се отидени и вечер со авион ќе одат уште шест. Вкупно 28 пациенти. Вечерва ќе патуваат уште 4 пациенти за Хрватска и 15 пациенти за Белград. Вкупно 47 ќе бидат на лекување надвор од државата“, изјави министерот.
Таравари најави дека утре на помош доаѓаат специјалисти за изгореници и интензивна нега, од Израел, Белград и Прага.
Тој кажа дека неколку пациенти имаат потреба од кислород, но според него се надвор од животна опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно, топло и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, објектите на фирмите Сојуз на Здружение на Возачи и Елмиго, корисниците од улиците Драчевска, Андреја Петковиќ, Славка Динкова, Гандиева, Ниже Планина, Јакупица, Атанас Разлов и корисниците од околните стопански и нестопански објекти, општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. Иван Цакар – поголем број од парните броеви, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Кривична против 38-годишниот скопјанец кој ја уби својата невенчана сопруга

СВР Скопје го расчисти убиството кое на 3 мај, околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари го изврши 38-годишниот Н.А. од Скопје, кој што при семејна расправија со нож ја лишил од живот својата невенчана сопруга Р.А. (36) од Скопје. Откако ја убил Р.А., сторителот се дал во бегство, но по преземени мерки и активности, тој е лишен од слобода при обид да ја помине државната граница на ГП Табановце.
На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и обдуценти од Институтот за судска медицина и криминалистика, по што телото на починатата е пренесено на ИСМК за обдукција. Дополнително, утврден е идентитетот на Д.С. (32), кој му помогнал на сторителот и го превезол до ГП Табановце, а му помогнал и да ја фрли облеката што сторителот ја носел во време на извршувањето на кривичното дело, која потоа од страна на полициските службеници е пронајдена и подигната за вештачење, а Д.С. е лишен од слобода.
Исто така, пронајден е и ножот со кој сторителот го извршил кривичното дело.
По обезбедување на доказниот материјал, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава во итна постапка против Н.А. за кривично дело “Убиство” по чл. 123 ст.2 т.2 од КЗ и против Д.С.за кривично дело “Помагање на сторител по извршено кривично дело” по чл. 365 ст. 3 од КЗ.