Македонија
Трагично загинатата пејачка на бендот „ДНК“ беше самохрана мајка: нејзиниот сопруг почина пред четири години

Професорката по пијано на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска, која беше придружен вокал во групата „ДНК“, го загуби животот во пожарот во дискотека во Кочани, потврди Факултетот за музичка уметност.
Пројковска беше самохрана мајка на две деца.
Таа во текот на својата кариера пееше придружни вокали за речиси сите поп пејачи во Македонија. Нејзиниот поранешен сопруг, џез-трубач и професор по труба, Александар Николовски, почина во 2021 година на 48-годишна возраст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Во чест на загинатите да се поделат црни ленти“ – Здружението „Кој е следен“ повика на протести утре низ цела Македонија

Здружението „Кој е следен“ повика на протести утре во 18 часот, на плоштадите низ триторијата на целата држава поради жртвите од пожарот во дискотеката која нелегално работела.
Од „Кој е следен“ велат дека во овие траорни денови, Македoнија повторно треба да биде заедно и да си даде утеха.
„Ги повикуваме сите луѓе низ цела Македонија, утре во 18 часот да се соберат на плоштадите во своите градови и да не поминуваат низ овва сами. Повикуваме во чест на починатите да се поделат црни ленти, за како народ да покажеме дека згаснатите животи нема да бидат заборавени“, велат од здружението.
Се додава и дека локацијата за Скопје е одреден на Градскиот плоштад за да не се блокираат улици по кои се превезуваат повредените од трагедијата.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади луѓе, меѓу кои и седум членови на ДНК бендот и полицаец којшто бил на должност. Повредени се над 100 луѓе кои се хоспитализирани во Македонија, Бугарија, Србија, Турција, Грција, Хрватска.
Македонија
„Скршен од тага“: Роберт Билбилов сподели фотографии со Андреј од „ДНК“

Продуцентот и музичар Роберт Билбилов објави фотографии со Андреј од „ДНК“ и само кратко напиша „Скршен од тага“.
Во големиот пожар што се случи вчера во Кочани загинаа 59 луѓе, а над 150 се повредени.
Македонија
„Не можам да престанам да те плачам, вака не се договоривме“: Елена Ристеска со емотивни зборови се прости од Сара Пројковска, Андреј „ДНК“ и колегите

Пејачката Елена Ристеска со емотивни зборови се прости од Сара Пројковска и Андреј Ѓорѓиевски кои загинаа во огромниот пожар во Кочани.
„Не прифаќам и нема никогаш да прифатам дека те нема! Саре сестрице моја, толку многу поминавме заедно со тебе и Ана, толку убави спомени, толку концерти, толку бендови сменивме ние три, ти беше таа која не ми дозволи да се откажам од музиката кога се разочарував! Ти- добрица, ферчина, другарчина, позитивна, пожртвувана и како човек, и како колега и како мајка на златни две деца. :((( Тоа заразно смеење со тебе нема никогаш да го извадам од главата! Тоа најубаво пеење ќе продолжи да го придружува Тоше, таму на небото. Ама Саре вака не се договоривме! Се договоривме дека ќе пееме и понатаму! Се договоривме да се видиме! Вака не!!! Не сакам да верувам, не сакам!!! Не прифаќам! Сестро моја, ти беше упорна и борбена да смениме 100 бендови, ама да не се откажеме! На крајот ти се откажа! :((( Ама зошто вака?!?! Зошто?? Не можам да престанам да те плачам, нема никогаш да те преболам! Нема! Најдобрата личност во живот што сум ја сретнала, чесна, добра, секогаш фер и коректна, секогаш поддршка, секогаш грб мој! Емотивна, убава и во душата и во лицето. Солзиве не застануваат, никогаш нема да застанат. Не не и не!!!“, напиша Елена.
„Не можам да престанам да плачам, Андреј ни со тебе така не се договоривме, планиравме нова песна со ДНК..:((( Турнеи две имавме заедно, концерти, дружби… не можам да прифатам и не можам!!! Филипе, како бре да прифатам дека те нема, може свиревме неколку пати ама многу се почитувавме, златен човек беше… без зборови сум… исто и Александар :((( Жути веста за тебе ме докрајчи, ме срози, колку концерти беше мој тонец за 22 години, секогаш звук перфектен, кога ќе те видев зад миксета раат бев, знаев дека ќе биде добар концерт, секогаш му викав на Здравко- Жути пушти ми го да озвучува! Александар Ефремов ми ги сликаше последните концерти во Кочани. :((( Немам зборови, само солзи… Мартин Буцо, Ѓорги, Сара и сите златни деца, млади и полни со живот… боли и кине душа ова се’… не знам дали некогаш ќе се опоравиме од оваа болка по вас!!! Цела Македонија плаче и тагува! Примете сочувство сите што загубивте блиски! Брзо опоравување на Ана и Панчо им посакувам!“, напиша Ристеска покрај заедничките фотографии со Сара и Андреј.