Македонија
Студентите на УКИМ неделава организираат собири за жртвите во пожарот, имаат дозвола за прекин на наставата
Студентите и професорите на Скопскиот универзитет ќе присуствуваат на организирани собири – Заеднички час за да изразат почит на жртвите во пожарот на концертот во Кочани и поддршка на нивните семејства.
УСС на УКИМ упати повик до сите студенти, целата академска заедница и граѓаните на државава да присуствуваат на собирите Заеднички час. УСС на своите профили на социјалните медиуми ќе известува за локациите на наредните собири.

Повик за присуство на денешниот собир во 12 часот на платото на УКИМ упати и студентската организација „Студентски отпор“.
Собирите ќе се одржат денеска и во текот на целата недела. Првиот заеднички час е денеска од 12 часот на кампусот на факултетите од општествените науки. Од Ректоратот студентите имаат дозвола за прекин на наставата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

