Македонија
Ах Николче, ах Матејче, секој ден ме испраќаше со зборовите „Убав викенд наставничке“, токму овој беше најлошиот: наставничката се прости од нејзините ученици кои загинаа во пожарот во Кочани

Со емотивна објава на Фејсбук наставничката Елена Накова од Злетово се прости од нејзините ученици Никола и Матеј, кои вчера загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани.
„Драги деца, не можам да поверувам на сопстветните очи и уши дека повеќе ве нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX В одделение, кога бев ваша наставничка, моментот кога седевте во иста клупа. Николче, мило дете со твојата мила насмевка и посветеност секогаш ме воодушевуваше, од вчера ми звони во ушите твојата рецитација на песната „Која ја љубев Дениција“, која ја вежбавме за една училишна активност. Ах ах ах , Матејче уште во понеделник па последователно секој ден на излегување од училница ме испраќаше со зборовите „Убав викенд наставничке“ иако видендот беше далеку“, напиша наставничката.
„Еее токму овој викенд беше најлошиот викен за мене бидејки ја слушнав кобната случка и уште покобното сознаение дека многу млади деца и нечии мили деца нема да бидат веќе со нас! Патувајте мирно кон ангелите, нека Господ Бог ве приме во царството небесно и да продолжите да ја ширите позитивната енергија кај ангелите ! Патувајте безгрижно кон вашиот нов дом, бидејки ние за Вас имаве и ќе имаме само убави спомени, а спомените никогаш не заминуват како што и вашата присутност мегу најбиските“, напиша таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.