Контакт

Македонија

Парична помош од општина Куманово за семејствата на настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани

Објавено пред

Денеска се одржа Вонредна седница на Совет на општина Куманово со една точка на дневен ред – “Предлог – Одлука за доделување на парична помош од буџетот на општина Куманово по трагичниот настан предизвикан од пожарот во дискотеката во Кочани кој се случи на 16.03.2025 година”.

dobivaj vesti na viber

По едноминутно молчење, во знак на почит кон настраданите во дискотека во Кочани, едногласно беше усвоена Предлог – Одлуката за доделување на парична помош од буџетот на Општината, во износ од 2 милиони денари, од кои 1 милион денари за семејствата на загинатите и 1 милион денари за повредените во немилиот настан во Кочани

Македонија

Барање на граѓаните на Кочани: Немојте да ни ја крадете тагата, не ја претворајте во содржина за гледаност

Објавено пред

„Почитувани медиуми, портали, сите што известувате за оваа трагедија, Размислувате ли пред да објавите? Ги гледате ли насловите што ги пишувате? Дали сте свесни дека овие имиња што ги објавувате не се само бројки.Тоа беа нечии деца. Нечии браќа, сестри, родители. Овој град е мал. Секој од нас загуби некого. Секој од нас познава барем две три жртви. И секој од нас ќе живее со оваа болка засекогаш. Дали за вас е „добра содржина“ да објавувате видеа и слики од родители што стојат пред болница, со солзи, со раце што се тресат, со срца што им се кинат?“, се наведува во објавата на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Дали сметате дека треба да се споделуваат моменти кога татко се урива на колена, викајќи од болка? Кога мајка, која девет месеци носела живот во себе, го доела, го чувала од секое зло сега стои скршена, без надеж, без сила, без своето дете.

Дали навистина ова ви изгледа како нормална објава? Дали е вредно за кликови и лајкови? Родители изгубија единствени синови, единствени ќерки. Сите соништа што ги имале, сите години љубов, сите жртви што ги направиле избришани за една ноќ.

155 семејства сега не дишат, не спијат, не живеат само чекаат. Со телефонот во раце, со надеж, со молитви. Во секоја болничка соба има по едно дете што се бори за живот. По една мајка што го држи за рака и шепоти: „Сине, бори се, ќерко, бори се“.

А вие објавувате снимки од нивните солзи. Ја продавате нивната болка за кликови. Ја споделувате нивната трагедија како сензација. Го Почитуваме секој ваш збор на поддршка, но немојте да ни ја крадете тагата. Не ја претворајте во содржина за гледаност. Не смеете да ги делите моментите на очај, на распад, на изгубена надеж“, се додава во објавата на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Умре колега на кој треба да му се изигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски кој почина по кобната ноќ

Објавено пред

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош Иле Гоцевски, кој трагично почина по неуморната и тешка работа за помош на повредените млади луѓе.

dobivaj vesti na viber

Бурназов на социјалните мрежи напиша дека заедно неговиот драг и непрежален колега Гоцевски 24 часа го оставиле срцето на терен.

„На раце ми останаа телата на безброј деца и млади меѓу кои и двајца мои најдобри другари. Помагавме неуморно и без престан. Болката ,траумата и сликата ќе ми останат врежани додека чука и моето срце“, пишува Бурназов.

Тој му се обрати на министерот за здравство, Арбен Таравари, прашувајќи го дали знае дека најпонижуваната и најнеплатената професија е да си возач на Итната Медицинска Помош.

„Во неколку наврати сме понижувани од Повисокиот медицински персонал, од роднините на пациентите, третирани сме како дно под дното, газени и газени како да не постоиме. Ние работиме се’: кога е потребен доктор – доктори сме, кога е потребен мед техничар, и тоа сме, кога е потребен болничар, и тоа сме… Знаеш ли дека ни сме се’, а всушност сме ништо! Одговорноста при транспорт на пациентот, докторот и сестрата е наша! Одговорност имаме за се’ , плата имаме – ништо! Најмала плата, најмал Бенифециран стаж! Кога се покачува плата во здравство ние сме административно технички персонал! Во очите на другите, ние сме никој и ништо! Не очекувам да се смени нешто, но луѓето треба да сфатат дека полицаецот, докторот и сестрата не се ништо повеќе од Нас! Почина колега , на кој треба да му се направи споменик. За мене тој не беше само колега , тој е херој!“, пишува колегатаа на Гоцевски.

На овој коментар, тој доби одговор од министерот Арбен Таравари, кој изрази неизмерно жалење за загубата на Иле, опишувајќи го како човек кој даде се од себе во оваа незамислива трагедија.

„За мене тој не беше само возач, туку спасител, човек кој стави други животи пред својот сопствен. Неговата жртва нема да биде заборавена, а неговото име треба да остане врежано како симбол на човечност и пожртвуваност“, напиша Тараври.

Министерот вели дека е свесен оти работата на возачите на Итната медицинска помош честопати знае да биде занемарена или да биде во сенка, и тврди дека тоа не смее да биде така.

„Никој што спасува животи не смее да биде понижен, невидлив или потценет. Вие не сте „административно-технички персонал“. Вие сте тие што први стигнувате кога нечиј живот виси на конец. Вие сте рацете што носат надеж. Она што можам да го ветам е дека вашиот глас ќе биде слушнат. На Вашиот колега Иле и на сите вам што сте го оставиле срцето на терен во оваа трагедија ви должиме повеќе од само зборови“, напиша Таравари.

Министерот во продолжени вети дека време е ова прашање да биде отворено на највисоко ниво, а тоа нема да го заборави.

Веста за смртта на возачот на Итната помош, Иле Гоцевски, дополнително ја продлабочи тагата. Тој дошол дома по тешката ноќ и работниот ден во кој ги превезувал повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Заспал и повеќе не се разбудил.

Прикажи повеќе...

Македонија

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите, бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Објавено пред

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените.

dobivaj vesti na viber

„Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите.

Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни информации само ја зголемуваат вознемиреноста во јавноста и нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите.

Бројките ги утврдуваат официјалните медицински и истражни служби кои работат на терен. Владата инсистира на целосна транспарентност и јавноста ќе биде редовно информирана за сите нови детали поврзани со истрагата“.

Апелираат до медиумите и граѓаните да не наседнуваат на непроверени информации и да не шират шпекулации.

Ова, потенцираат од Владата не е време за манипулации, туку за заедништво, почит и одговорност.

Владата, напоменуваат од таму, останува посветена на расчистување на сите аспекти од оваа трагедија и преземање на сите неопходни мерки за да обезбеди правда и поддршка за семејствата на жртвите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Умре колега на кој треба да му се изигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски кој почина по кобната ноќ

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош Иле Гоцевски, кој трагично почина...

Македонија25 минути

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите, бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. „Ова се моменти на...

Македонија27 минути

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и...

Македонија2 часа

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Вчера, на Ургентниот центар на КЦС, од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што...

Македонија3 часа

(Видео) Македонската амбасадорка во Бугарија: Немилосрдна борба против сите коруптивни практики мора да има

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорката на Република Македонија...

Регион4 часа

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје

59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16...

Македонија5 часа

Таравари ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Софија

Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска во периодот од 14 до 15...

Регион5 часа

Ден на жалост во Бугарија поради трагедијата во Кочани

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во...

Македонија14 часа

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...

Македонија18 часа

Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот...

Македонија19 часа

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија20 часа

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија21 час

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...

Македонија22 часа

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...

Македонија22 часа

Петнаесетмина експерти за изгореници од странство се стигнати во земјава, ќе ги лекуваат 84-те пациенти од пожарот кои се во македонските болници

Некои од лекарите специјалисти за лекување изгореници, кои најавија дека ќе дојдат за да помогнат во лекувањето на повредените од...

Македонија23 часа

Тошковски: Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, концертот бил одржан на диво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече од извршен разговор со член на групата на...

Македонија23 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата...

Македонија24 часа

Поради можни вдишувачки изгореници, на лекар да се јават и оние кои се чувствуваат добро, а биле во дискотеката, апелираа Таравари и Клековски

Сите пациенти се во релативно стабилна состојба, испратените на лекување во странство се сместени во болниците и состојбата е под...

Регион1 ден

„Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата“: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва...

Македонија1 ден

ЈОРМ: Пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, наредено е графолошко вештачење на потписи на одредена документација

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во...