Свет
(Видео) Авион се урна во Хондурас, седум мртви

Авион се урна синоќа во близина на карипскиот брег на Хондурас, неколку минути по полетувањето од островот Роатан, при што загинаа седум лица, додека 10 беа извлечени живи од урнатините, соопштија властите.
Авионот „Џетстрим“ на авиокомпанијата „Ланса“ во Хондурас превезувал 14 патници и тројца членови на екипажот, изјави министерот за транспорт на земјата, додавајќи дека остатоците се пронајдени на километар од брегот на островот. Според дневникот на летот прикажан од локалните медиуми, меѓу патниците имало американски државјанин, француски државјанин и двајца малолетници. Авионот требаше да лета до аеродромот Ла Сеиба на копното на Хондурас.
Шефот на противпожарната служба на Роатан, Френклин Борхас, го потврди бројот на загинати. Според противпожарните служби, меѓу жртвите бил и познатиот музичар од Хондурас Аурелио Мартинез Суазо.
🚨🇭🇳 BREAKING: Plane Crashes in Honduras
A tragic incident occurred today in Honduras as a plane crashed after taking off from Juan Manuel Gálvaro International Airport on the island of Roatán.
– 15 passengers and 2 pilots were on board, according to preliminary reports.
– The… pic.twitter.com/C6kJdpB5zd— Weather Monitor (@WeatherMonitors) March 18, 2025
Драматичната снимка објавена на социјалните мрежи од националната полиција покажува дека полицајците и другите спасувачи носат преживеани до карпестиот брег, некои на носилки, додека блискиот брод ја осветлува областа во темнината. Причината за несреќата не е веднаш јасна, а авиокомпанијата не одговорила на барањето за коментар.
Борхас изјави за Ројтерс дека преживеаните се пренесени во блиската болница, а исто така потврди дека несреќата се случила набргу по полетувањето на авионот од островот. Роатан, најголемиот од Заливските острови во близина на брегот на Хондурас, е популарна туристичка дестинација позната по своите живописни корални гребени.
Борхас истакна дека неповолните услови ја отежнуваат операцијата за пребарување и спасување. „Пристапот до местото на несреќата е тежок бидејќи таму има 30 метри карпи, а таму не можете да стигнете ниту со пешачење, ниту со пливање. Нуркачите кои учествуваат во спасувањето немаат видливост“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници

Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници од двете страни, изјави претседателот Владимир Путин за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп.
-Путин објави дека на 19 март руската и украинската страна ќе разменат по 175 затвореници, се вели во соопштението на Кремљ.
Белата куќа, од своја страна, објави дека Трамп и Путин се договориле за 30-дневен прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор на Украина и дека преговорите за ставање крај на конфликтот ќе започнат „веднаш“.
Тие разговори ќе бидат на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа, пофалувајќи ги „огромните придобивки од подобрените односи“ меѓу САД и Русија
Свет
Трамп: Со Путин е договорен прекин на огнот за енергетските и инфраструктурните објекти

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во денешниот телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин се договорил за итен прекин на огнот меѓу Русија и Украина во сите енергетски и инфраструктурни објекти.
„Се согласивме на итен прекин на огнот на сите енергетски и инфраструктурни објекти, со разбирање дека ќе работиме брзо за да постигнеме целосен прекин на огнот и, на крајот, да ставиме крај на оваа многу страшна војна меѓу Русија и Украина. Оваа војна никогаш немаше да започне ако јас бев претседател“, рече Трамп на Truth Social.
Тој додаде дека имал „многу добар и продуктивен“ разговор со Путин и дека разговарале за „многу елементи од мировниот договор, вклучувајќи го и фактот дека илјадници војници умираат“.
„Тој процес сега е во полна сила и ефект, и се надеваме, заради човештвото, дека ќе ја завршиме работата“, рече Трамп.
Свет
Гутереш ги повика Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска ги повика Израел и палестинската милитантна група Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа.
Тој рече дека Палестинците во Појасот Газа се подложени на „неподносливо страдање“ додека израелските напади продолжуваат немилосрдно.
Гутереш им рече на новинарите во Женева дека улогата на ОН е меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел и Хамас целосно да го почитуваат прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе Ал Џезира.
Министерството за здравство на Хамас објави дека повеќе од 400 луѓе, главно палестински деца и жени, биле убиени во текот на ноќта во израелските напади врз Појасот Газа.